ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.02.2022
Јапонска компанија тврди дека Ивермектин е успешен против Ковид
Автор: Goce Author

Јапонската фармацевтска компанија Кова соопшти вчера дека лекот Ивермектин е успешен против Ковид 19. Тие велат дека овој лек покажал „антивирусни ефекти“ против Омикрон и другите варијанти на Корона вирусот во неколку клинички испитувања.

Компанијата која работела на тестирање на лекот во Универзитетот Китасто , не дала детални информации.

Фото: Diverse Stock Photos

Клиничките испитувања се уште се во тек, но употребата на Ивермектин во текот на оваа пандемија предизвика низа контроверзии.

Овој лек до сега го препорачуваа многу познати личности кои имаат исклучително влијание во јавниот простор. Водителот Џо Роган го промовираше како лек, а и соседна Србија во еден момент спомена дека станува збор за „чудотворен лек“ против Ковид 19.

Како Молнупиравир на Мерк се разликува од Ивермектин?

Интересно е што лекот не е одобрен во ниту една од овие држави, ниту во ЕУ. Неодамна агенцијата за храна и лекови на САД, Европската асоцијација за лекови, дури и Мерк, компанијата која го произведува лекот, изјавија дека нема научни докази кои потврдуваат дека Ивермектин има терапевтски ефект против Ковид 19.

Агенцијата за лекови на САД истакнаа дека е забележана поголема продажба на лекот Ивермектин, но во исто време се забележани здравствени компликации и хоспитализации како резултат на примањето на лекот на своја рака.

Дали Ивермектин е успешен во лекувањето против Ковид 19 моментално се истражува во Британија преку голема студија на Универзитетот Оксфорд. Истражувачите велат дека анализите се во тек и не би сакале да коментираат додека не излезат официјалните податоци.

Ивермектин беше еден од лековите кои го промовираше и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање