ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.08.2023
Ќе почне ли учебната година со штрајк?

На неколку дена пред почетокот на новата учебна година, се упатува на старт ништо поинаков од минатите години.  Учениците пак ќе останат без дел од учебниците, а како по некоја традиција, се споменува и можност за штрајк.

Фото: FB sonk.org.mk

И покрај ветувањата дека годинава учебниците ќе стигнат на време, се појасно е дека тоа нема да се случи. Според министерот за образование Јетон Шаќири, доцнењето оваа година не е како минатите, и ќе доцнат само некои учебници за трето и шесто одделение. Доцнењето нема да биде како минатата учебна година која, рече пред една недела Шаќири,  „не беше лесна“. Причина –  имало нови наставни програми за четири одделенија. Оваа ќе биде поразлична учебна година бидејќи МОН се подготвува од почетокот на оваа календарска година. Новите програми од БРО се доставени во декември 2022 за трето и во април 2023 за шесто одделение.

Така, ако ништо друго, дојдовме до ситуација да се радуваме што ќе доцнат „само некои учебници“, а за реалните состојби, секако ќе знаеме идната недела.

Штрајк – неизбежна тема на стартот на секоја учебна година

Штрајкот како можност на почетокот на учебната година е редовен декор со години. Така е и годинава, со тоа што има разногласие, во зависнот од тоа од кој синдикат доаѓаат информаците.

Првиот човек на Самостојниот синдикат за образование и наука, Томислав Гиевски, изјави дека новата учебна 2023-24 година може да започне со штрајк во образованието. Според него, наставниците не се задоволни од непочитување на колективниот договор. Исто така, Гиевски изјави дека револтот, меѓу другото, се должи и на најавените промени во образованието како и на ниските плати, кои според Гиевски се пониски од просечните.

МОН и СОНК постигнаа договор за 15 % повисоки плати

Синдикатот за образование пак, оценува дека најавата за штрајк од независниот синдикат за образование е задоцнета. Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков изјави дека штрајкот не може да се организира денеска за утре и покрај проблемите во образованието. Исто така, Неделков рече дека немаат никаква комуникација со независниот синдикат за образование и не се информирани за нивните барања.

Неделков најави дека се очекува во септември да бидат потпишани колективните договори за основно и средно образование. Иако одби да открие повеќе, Неделков рече дека со колективните договори за одреден дел од наставниците ќе се плаќа превоз.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?