ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.09.2021
Макфест 2021 – Александар Тодороски со најголем број гласови во првата вечер
Автор: Goce Editor

Младиот Александар Тодороски освои најголем број гласови од публиката во првата полуфинална вечер на Макфест 2021 година. Очигледно песната „Под исто небо“ и настапот на Александар ги освои штипјани. Музиката и текстот се на најтрофејниот изведувач на Макфест Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Давор Јордановски.

Александар Тодороски

Благодарен сум на штипјани што ја препознаа оваа песна и нависина сум среќен што влегувам во финале. Се подготвувам за вечерва и ќе дадам се од себе да им биде убаво на оние кои се пред сцената и оние кои ќе гледаат дома. Верувам во оваа песна и чест ми е што сум дел од Макфест, вели Александар за гоце.мк

Александар е добро познат на штипската публика. Тој е долго време на локалната сцена, а неговиот прв настап на Макфест го оценува како сосема успешен.

Влезот во финале беше посакуван и навистина сум среќен. Не знам што да очекувам вечерва…очекувам луѓето да ја слушаат мојата песна. Имам одличен ментор Ристо Самарџиев, од кого научив многу и се уште учам. Се надевам дека ќе се забавуваме, вели Александар.

 

Вечерва финалето започнува во 20.30 часот. Редакцијата на гоце.мк го следи на лице место, а вечерашната програма ќе изгледа вака:

  1. Калина Велковска со  – „4“
  2. Рахела Такашманова –  „Ако не си ти до мене“
  3. Виолета Арсовска –  „Нека ме снема“
  4. Марија Данева – „Твоја“
  5. Александар Тодоровски со песната „Под исто небо“
  6. Ѓоко Танески – „Ти“
  7. Мартинијан Кириловски – „Вистина“
  8. Полина Тасева – Огледало“
  9. Роберт Билбилов – „Луда си на мирен начин“
  10. Наталија Данаилова – „Не крши ме“
  11. Интервали – „За сите години“
  12. Александра Јанева – „Денот што ни носи“
  13. Лара – „Душа“
  14. Светле – „Збогум на лани“
  15. Филип Пешевски – „Невино“
  16. Eye Cue – „Да сме пак заедно “
  17. Дејан Тасев – „Каде беше ти“
  18. Пепа – „Длабоко“
  19. Елена Наумова – „Сонце ме грее“

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026