ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.11.2023
2350 учесници се пријавени на November Run во Гевгелија
Автор: Goce Editor

Гевгелија викендов трета година по ред ќе биде домаќин на уличната трка насловена November run Gevgelija 2023. На овој настан учество имаат пријавено вкупно  2350 пријавени учесници во сите категории-детска трка, улична трка на 5 км и 10 км,  и  инклузивна трка на 1 километар. Големиот број на пријавени учесници, од дома и од странство (од 16 држави) придонесоа  овој настан да прерасне во најмасовен настан во Гевгелија, во нашата држава но и пошироко во регионот.

Автор на текстот: Надја Шопова

Фото: Мартин Стојанов

Уличната трка е во организација на Атлетски клуб “7ми Ноември”Гевгелија и истата е организирана според правилата на IAAF и Атлетската федерација на Македонија во согласност важечките законски прописи.

Оваа година, за прв пат учесниците ќе се трчаат на сертифицирана патека бидејќи по извршените мерења за патеките од 5 и 10 километри добиен е   меѓународно признат сертификат според AIMS стандардите со што остварени резултати на сите учесници- домашни и странски ќе бидат меѓународно вреднувани и признаени.

Натпреварувањата ќе започнат во сабота на 04.11.2023г. кога треба да се одржат два настана- детската трка за која се пријавени повеќе од 600 деца кои ќе се натпреваруваат во три категориии и инклузивната трка на 1 километар “RUN TOGETHER” која се организира за прв пат и претставува прва трка во Македонија организирана за лица со попреченост. Оваа трка е организирана во соработка со Фондацијата” Ице Бегов”.

Во недела на 05.11.2023 година, ќе се одржат трките на 5 и 10 километри. Победникот на трката од 10 километри ќе биде прогласен за државен шампион од страна на Атлетската Федерација на Македонија.

Студенти и млади археолози од 4 држави истражуваа на локалитетот во близина на Св. Николе
(Видео) Зголемен интерес за студирање на УГД во Штип – зошто младите го прават овој избор?