
Гевгелија викендов трета година по ред ќе биде домаќин на уличната трка насловена November run Gevgelija 2023. На овој настан учество имаат пријавено вкупно 2350 пријавени учесници во сите категории-детска трка, улична трка на 5 км и 10 км, и инклузивна трка на 1 километар. Големиот број на пријавени учесници, од дома и од странство (од 16 држави) придонесоа овој настан да прерасне во најмасовен настан во Гевгелија, во нашата држава но и пошироко во регионот.

Фото: Мартин Стојанов
Уличната трка е во организација на Атлетски клуб “7ми Ноември”Гевгелија и истата е организирана според правилата на IAAF и Атлетската федерација на Македонија во согласност важечките законски прописи.
Оваа година, за прв пат учесниците ќе се трчаат на сертифицирана патека бидејќи по извршените мерења за патеките од 5 и 10 километри добиен е меѓународно признат сертификат според AIMS стандардите со што остварени резултати на сите учесници- домашни и странски ќе бидат меѓународно вреднувани и признаени.
Натпреварувањата ќе започнат во сабота на 04.11.2023г. кога треба да се одржат два настана- детската трка за која се пријавени повеќе од 600 деца кои ќе се натпреваруваат во три категориии и инклузивната трка на 1 километар “RUN TOGETHER” која се организира за прв пат и претставува прва трка во Македонија организирана за лица со попреченост. Оваа трка е организирана во соработка со Фондацијата” Ице Бегов”.
Во недела на 05.11.2023 година, ќе се одржат трките на 5 и 10 километри. Победникот на трката од 10 километри ќе биде прогласен за државен шампион од страна на Атлетската Федерација на Македонија.