ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.03.2023
3 или 4 по рихтер, земјотрес секако ги вознемири штипјани
Автор: Goce Author

Земјотрес ноќеска во 2.41 минута по полноќ ги вознемири штипјани, а дополнително вознемиреност и страб внесоа мобилните апликации, кои покажуваа јачина од 4,6 степени според рихтер.

Ноќеска жителите на Штип и околината имаа непроспиена ноќ, вознемирени им исплашени од земјотресот кој го погоди ова подрачје.

Во 2.41 минута по полноќ, земјотрес со , според официјалните податоци , јачина од 3 степени според рихтер, се почувствува во Штип. За кратко, социјалнте мрежи беа преплавени со скрин шотови од апликацијата на андроид мобилните телефони, која предупреди дека се случил земјоттрес, дека неговата јачина е 4,6 според рихтер. Исто така, апликацијата даваше насоки за потребните мерки на претпазливост во случај на земјотрес, но и предупредуваше дека се можни афтершокови. Тие и се случија, а се почувствуваа околу 3.38 и 4.35 часот. Некои информации говорат и дека имало иу уште потреси, но послаби и не се почувствувале.

Официјалните податоци со кои излезе денеска Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар, се дека земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според рихтеровата скала. Земјотресот бил со епицентар на пет километри североисточно од Штип и 72 километри источно од  Скопје, на длабочина од пет километри.

Сепак, која и да била јачината, очигледно беше доволна за вознемиреност и страв кај штипјани, кои повеќето останаа будни до утрото. Колку и да се говори дека мобилните телефони ги исплашија, мора да се каже дека потресот се почувствува прилично интензивно, а алармирањето од мобилните само го зголеми чувството на страв и немоќ. Експертите во овој поглед се децидни – мобилните телефони не се релевантни за мерење на јачина на земјотреси.

Од 10-те најсмртоносни земјотреси во човечката историја 2 се во Турција

Земјотрес не се мери со мобилен телефон

Во изјава за медиумите, деканот на Факултетот за пруродни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Ѓорѓи Димов рече дека земјотресот во Штип со Рихтерова локална магнитуда од 3 и интензитет од четврти степен, кој се случи утринава во 2:41 часот е релативно слаб и е очекуван за вакво подрачје. За податоците од мобилните телефони, Димов рече:

„Во принцип мобилните уреди не се фундирани на начинот на кој се фундираат сеизмолошките инструменти. Мобилните даваат поголеми вибрации, даваат поголеми интензитети и тоа предизвикува паника и можете да замислите и веројатно некој од граѓаните го има доживеано тоа во 2:41 часот да завибрира телефонот и одеднаш да го кренеат и да видат дека има интензитет од 4,6, па и некои такви вести имаше во Штип дека меѓу 4 и 5 јавувале мобилните уреди и половина од тие луѓе нормално е да реагираат и да се вознемират, и дури и да излезат од домовите. Меѓутоа официјалните податоци не го кажуваат тоа“

Во последните десетина години имало повеќе вакви земјотреси во овој регион

Штип и Свети Николе спаѓаат во зона два и е релативно стабилно подрачје, а во изминатите десет години имало неколку потреси со слична ваква јачина, односно со Рихтерова локална магнитуда од 3. Во изминатите десет години во овој регион се забележани такви потреси со магнитуда од 2,5 до 3,5 по Рихтер. Тие што се под 2,5 вообичаено најчесто не ги ни забележуваме, ако не сме дома, а посебно ако сме на отворено.

Објавена мапа на ризични подрачја за земјотреси – видете каде се наоѓа Македонија

Уште кога се случи катастрофалниот земјотрес во Турција, професорот Димов во емисија на локална телевизија  изјави дека во Македонија има неколку зони според ризикот од земјотреси. Во зона еден најмалку се случуваат земјотреси, тоа е зоната на централниот и северниот дел од Пелагонискиот масив, па зона два, па имаме зони три, четири и пет, која е најтрусна зона, којашто се наоѓа во околините на Дебар, Пехчево и Валандово и ако видиме дека пет е најмногу, а еден е најмалку нашата зона е два и самото искуство на резонирање, правено врз база на 470 годишни истражувања е дека станува збор за релативно стабилен терен.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?