
Повеќе од 500 млади танчери, кои заедно го креираа најголемиот флешмоб досега во Ист Гејт мол Скопје го најавија претстојното Европско првенство во танци.

Со порака до сите за поголем фокус кон здравите навики и важната улога на танцувањето во општеството и светот на младите, стотиците танчери од Break A Leg Studio, Aqua Dance Club, Eat The Beat и Dansa Latina Stefi, со модерна кореографија и уникатен танцов настап на Can’t Stop the Feeling од Џастин Тимберлејк, — и официјално го најавија претстојното Европско првенство во танци.
Оваа година, Скопје е домаќин на ова првенство (IDO European Hip-Hop & Boogie Championship 2022), кое ќе се оддржи од 01.07.2022 до 05.07.2022 во Ист Гејт Мол и СЦ Јане Сандански.
За време на првенството ќе се натпреваруваат преку 2500 танчери од 20 земји од Европа во различни танци, и тоа во неколку видови на состави, — соло, дуо, групи и формации, како и машки и женски категории поделени на, — детски, џуниор и возрасни.
Најавата на Европското првенство преку флешмоб погледнете ја во видеото.