ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.10.2025
65% од младите од ЕУ се информираат преку социјални мрежи
Автор: Goce Author

Новото истражување “Социјални мрежи 2025” на Европскиот парламент открива интересни трендови кај младите популација во Европската Унија во однос на начините на информирање, користењето на социјалните мрежи и изложеноста на дезинформации.

Иако младите се меѓу најактивните корисници на социјалните мрежи, тие се помалку склони да дискутираат за социјални и политички теми кога се среќаваат со пријатели или роднини. Само 38% од испитаниците на возраст од 15-24 години изјавиле дека “често” разговараат за вакви теми, во споредба со 44% кај 25-39 годишните и 42% кај 40-54 годишните.

Социјалните мрежи – примарен извор на информации

За младите, социјалните мрежи се клучен извор за информации. 65% од младите на возраст од 15-24 години користат платформи како Instagram, TikTok и Facebook за вести, во споредба со само 27% кај луѓе над 55 години.

Меѓу најпопуларните платформи за вести кај младите се:

  • Instagram (64% од корисниците на 15-24 години)
  • TikTok (54%)
  • YouTube (52%)

Повик за млади креатори на содржина

Истражувањето открива двоен модел на консумирање вести кај младите:

“Кога прелистувам социјални мрежи, понекогаш читам социјални или политички информации на кои наидов случајно, иако не ги барав активно” – се согласуваат 83% од младите на возраст 15-24 години.

“Активно барам информации за социјални и политички тековни настани на социјалните мрежи” – се согласуваат 59% од младите.

Загрижувачки е податокот дека 46% од младите на возраст 15-24 години изјавиле дека се изложени на дезинформации и лажни вести “често” или “многу често” во последните 7 дена.

Сепак, младите се и најсигурни во нивната способност да препознаат дезинформации – 71% од 15-24 годишните се чувствуваат сигурни во оваа способност, во споредба со 54% кај луѓе над 55 години.

Како ги проверуваат информациите младите?

Кога се несигурни дали некоја информација е дезинформација, младите најчесто:

  • Проверуваат кој ја објавил (47%)
  • Ги проверуваат коментарите (40%)
  • Проверуваат дали сликите или видеата изгледаат вистински (36%)
  • Прашуваат луѓе на кои им веруваат (22%)

Истражувањето беше спроведено од 11 до 18 јуни 2025 година на примерок од 26.121 испитаник од сите 27 земји-членки на ЕУ.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање