ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.09.2025
Повик за млади креатори на содржина
Автор: Goce Author

Види Вака во соработка со Goce.mk те поканува да се пријавиш за Размолчени гласови: Нераскажените приказни од Источна Македонија! Сакаш да научиш како да направиш вирална видео содржина за социјалните медиуми? Пријави се и научи ја формулата на Види Вака како до преку 20 милиони прегледи годишно на нивните видео приказни. Создавај соджина која носи влијание и промени и создади шанса за платен анганжман во Види Вака како млад креатор на содржина за социјалните мрежи.

Источна Македонија е регион богат со различни наративи, но често добива ограничено внимание од националните медиуми. Ние сакаме да го пополни тој јаз, опремувајќи ве вас младите со основните вештини да создадете приказни што ќе го запрат палецот на екранот и ќе го привлечат сечие внимание. Целта ни е да ја истакнеме отпорноста на заедницата, да ги покажеме добрите и не толку добрите приоказни и да ја промовираме одговорноста за подобрување на местото во кое живееме. Оваа иницијатива ќе го зајакнува учеството на младите во одлучувањето во каков град сакаат тие да живеат.

Кого бараме?
Бараме 20 високо мотивирани млади индивидуалци (на возраст од 18 до 28 години) за нашата прва група. Посебно ги охрабруваме апликациите од помалите и помалку застапени општини во Источна Македонија, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на: Штип, Кочани, Виница, Радовиш, Берово, Делчево, Пехчево, Струмица, Пробиштип и Македонска Каменица. Ги охрабруваме апликациите од различно етничко и социо-економско потекло.

Повеќе информации и начинот да се пријавиш на следниот линк: https://vidivaka.mk/povik-mladi-kreatori-sodrzina/?fbclid=IwY2xjawM3jXpleHRuA2FlbQIxMQABHuMBXYEgo3SW0bp6UCfdGcAbFbu84dPSSeCR-jv6_gKHkFnwdpbn7dIpdChH_aem_MUxOXyC_4iqTQ6R6eJq-gg

Студенти и млади археолози од 4 држави истражуваа на локалитетот во близина на Св. Николе
(Видео) Зголемен интерес за студирање на УГД во Штип – зошто младите го прават овој избор?