Автори: Кристина Бошнакова и Дорина Стефановска
Во Хрватска дојдов како студент на магистерски студии и по студирањето одлучив да останам тука и да продолжам професионално да се развивам. Моментално соработувам со различни продукциски куќи како надворешен соработник на различни проекти. Тоа е одлична можност за надоградување и собирање на различно работно искуство. , вели Александар Арсовски, филмски режисер и продуцент.

Александар Арсовски
Александар додипломските студии ги завршил на Филмската академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Македонија. Потоа заминал во Хрватска на магистерски студии. По завршувањето решава да остане таму и професионално да се развива.
Арсовски со својот нов проект во развој: „ShortFits Film Market“ е избран за овогодинешното девето издание на европската програма за истакнати филмски работници и културни менаџери SOFA – School of Film Advancement, а воедно е и првиот македонски кандидат кој воопшто до сега бил селектиран во оваа програма.

Што претставува SOFA?
- Програмата SOFA е посветена за развивање на иновативни проекти. Тие ќе и помогнат на независната филмска сцена да изгради функционална инфраструктура и да се подобри филмската дејност во земјата каде што делуваат.
Во склоп на деветото издание на СОФА Академијата, над 15 различни ментори ќе ги советуваат кандидатите за сите достапни можности. Можности за финансирање и како подобро да ги реализираат своите проекти. Дел од менторите се: Мира Сталева, продуцентка и директорка на „Софиа Филм Фестивал“ и „Sofia Meetings“, Јан Нашевски, „New Europe Film Sales“, Мирослав Мигоровиќ, продуцент и директор на „ART POPCORN Motion Picture Company“, Катрин Шори, извршен директор на Израелскиот Филмски Центар, Тина Клинт, „Level K – Sales Agent“, и многу други. СОФА е проект развиен од страна на Filmplus (Берлин) и Институтот за демократски промени од Тбилиси, Грузија. Финансиски е поддржан од германската Федерална канцеларија за надворешна соработка и Креативна Европа – МЕДИА.
Научници од Македонија и годинава се најдоа на листата на Стенфорд како највлијателни или најцитирани
Александар Арсовски е единствен македонец кој што е дел од оваа програма. Вели дека учеството на вакви проекти е одлична можност за да се претстави домашната кинематографија на регионалните и интернационалните филмски маркети. А секако и неповторлива можност за личен развој во делот на продукција и организација на мултимедиски проекти.
- Во проектот „ShortFits Film Market” станува збор за индустриски настан, копродукциски филмски маркет. Овој настан ќе има за цел меѓусебно да ги поврзе продуцентите од југоисточна Европа. Тоа ќе биде првиот индустриски настан во југоисточна европа кој ќе биде во целост посветен на краткометражни играни филмови., ни открива Александар.
Сепак, овој проект не е единствениот каде што Александар работи.
- Работам на припремите за продукција на краткометражниот игран филм „Мајка“ во режија на Ѓорѓи Лазов, а исто така во продукција на еден долгометражен документарен филм. Соработувам и со Катавеј од Скопје околу дистрибуција на европски филмови онлине преку самата платформа: cinesquare.net. Интересен е процесот на дистрибуција и директен контакт со публиката. Моментално развивам проект, видео подкаст кој се надевам наскоро ќе се реализира штом го затвориме буџетот и почнеме со снимање. Планот е овој проект да го презентирам директно онлајн низ оваа платформа и да видиме каков ќе биде интересот на публиката.

Филм фестивал, Сараево
Дел од проектите на кои сум почлен со работа во Македонија се: „Господ постои, името и е Петрунија“ реж. Теона С.Митевкса, „Змија“ реж. Андреј Волкашин, и неколку филмови кои сме ги продуцирале самостојно со моите колеги. Во Хрватска сум работел на играните филмови „Пеликан“ реж. Филип Хераковиќ, „“ реж. Далија Дозет, „Фанк ЈУ“ реж. Франко Дујмиќ, „Сама“ реж. Борна Зидариќ, „Трафика“, реж. Дора Слакопер и неколку ТВ серии „Чиста љубов“; „Црно-бел свет“, „Кумови“, „Дар-Мар“ на од Нова ТВ и многу други.
Секој проект е драг поради некоја причина и луѓето кои работат на него.Не би можел да издвојам некој кој ми е најдраг.

Снимање на филмот „Еден ден ќе се случи нешто страшно“
Би се вратил ли во нашата земја и тука да ја продолжиш својата продуцентска кариера?
- Се разбира, освен што би се вратил приватно да ги посетам пријателите и семејството, би сакал да направам и некој проект кој ќе допринесе за домашната продукција. Генерален фокус ми се телевизиските проекти, играни и документарни серии, а тоа да се реализира на нашите телевизии е многу тешко поради самата нетранспарентност на националниот сервис (МРТ) кој има една од целите да поддржува и да бара независните продуценти да снимаат проекти за нив, а приватните телевизии се посебна приказна, за која треба детално да се разговара.Генерално гледано, не постои интерес за финансирање на нови и иновативни домашни проекти, ретки се телевизиите кои инвестираат нешто, а тоа да не е контактна емисија или информативен блок, така што во скоро време не се гледам дека ќе работам некој телевизиски проект во Македонија. Фокусот ми е во Хрватска.
Можеби ќе ве интересира