ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.11.2022
Ана Михаиловска, најдобрата студентка на Факултетот за природни и технички науки ги открива своите тајни

Гоце.мк продолжува со серијалот за најдобрите студенти. Нивните совети за успех се надеваме дека ќе им користат на многу од бруцошите и помладите генерации.

Ана Михаиловска е прогласена како најдобра студентка од Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот “Гоце Делчев”- Штип на насоката инженерство за заштита на животната средина. Денес, Ана е дипломиран инженер за заштита на животна средина и  работи како демонстратор на Факултетот за природни и технички науки при УГД и како дел од тимот на AMBICON-лабораторија за животна и работна средина која функционира во склоп на Универзитетот. Паралелно таа е  запишана и на магистерски студии во областа на инженерството на животна средина.

Ана Михаиловска

Според неа, рецепт за успех не постои, а желбата и љубовта за учење се главните двигатели кои те туркаат по патот на успехот. Главното мото на Ана по кое се водела во текот на своите студии гласи:

„Не е важно колку пати ќе паднеш, важно е секогаш повторно да се исправиш на нозе, секогаш похрабра и спремна за поголеми предизвици.“

„Многубројните предизвиците кои животот ги носи, никогаш не ги гледав од аспект на разочарување, туку се водев со помислата дека секој предизвик е само една цврста плочка која треба да се прегази и да се продолжи кон зацртаното. Студиите со себе носат непреспиени ноќи, огромни жртвувања за кои е потребна храброст но сите тие предизвици од нас прават цврсти академски граѓани и столбови на едно општество.“, вели Ана.

Љубенка е прогласена за нај-студент на 2022 – еве ги советите од неа до сите студенти

Посетувајќи пракса како стипендист на Рудникот за олово и цинк “САСА” и следејќи ги предавањата на УГД, Ана за нив истакна:

„Јас чувствувам и привилегија да студирам под закрилата на ваков научнообразовен кадар. Високото образование раѓа доверба, а довербата раѓа надеж да го промените светот. Со вакви идеи, желба за напредок и позадина која ве турка, секогаш ќе бидете чекор понапред.“

Ана на ораторските средби на УГД

Учењето не завршува по дипломирањето

Клучен аспект е дека секојдневно учиме и се надоградуваме дури и после дипломирањето. Тајната на успехот, според Ана е непрекинат раст и развој во поглед на интелектуалните способности.

„Предизвикот понатаму е многу поголем и бара поголема жртва и пот. Јас секојдневно учам и допрва ќе се развивам и посветувам на полето на животната средина. Никој и ништо не може да Ви помогне како самите вие. Она што го имате во умот е силата која ве тера напред. Понекогаш и безброј фактори да ве туркаат напред се ништо доколку немате желба и визија за себе, но ако треба да посочам причина за моите досегашни успеси и достигнувања е дефинитивно мојата мајка.“, вели Ана.

(Видео) Подкаст Без Притисок: др. Борис Роглев

Нешто што и оставило впечаток и ја мотивирало во текот на студиите се токму зборовите од нејзиниот ментор за дипломска работа. Имено, тие гласат:

“Ако сакаш да одиш брзо, оди сам. Ако сакаш да одиш далеку, оди со некого“

Ана беше и една од наградените за својот говор на Ораторската вечер 2022 година

Тимската работа и помагањето се круцијални во постигнувањето напредок. Во ниедна сфера не треба да се гледа компетиторски, туку заедничката работа помага во градењето подобра животна средина.

Како љубител на книги, Ана на сите млади и студенти им посочува да ја прочитаат безвременската реалистична новела на Толстој, Ана Каренина. А, за нејзините идни колеги и студенти , таа порача:

„Никогаш не престанувајте да верувате во убавината на своите соништа. Водете се од желбата да го промените светот и никогаш не се откажувајте од својата замисла. Животот често знае да биде и суров, да ве расплаче и турне кон темнина но успешните луѓе во секоја област ги краси една прекрасна особина, не се откажуваат.“

Резултати од конкурс за 500 стипендии за ученици од дуалани паралелки од здравствена струка
Колку чини студирањето и дали евтино образование значи повеќе образовани?