ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.11.2025
Аплицирање за студентски стипендии до 15 ноември
Автор: Goce Author

Министерството за образование и наука (МОН) го објави Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи. Од 1 ноември започна аплицирањето за стипендии, за вкупно четири категории и ќе трае до 15 ноември.

Заинтересираните студенти кои ги исполнуваат условите од конкурсите може да аплицираат исклучиво електронски преку платформата Е-услуги.

Во првата група ќе се доделат 1.470 стипендии за редовни студенти од социјални категории запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија.

Во втора група – 770 стипендии (724 за студенти на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 46  за студенти на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), студенти на додипломски студии од прв циклус, кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.51 а кои се запишани на факултети од научното подрачје на природно-математичките, техничко-технолошките науки (на пр. машинство, електротехника, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, металургија, рударство, текстилно инженерство и сл.), научното подрачје на биотехнички науки (на пр. ветеринарна медицина, пчеларство, овоштарство и сл.) и научното подрачје на медицински науки и здравство, а за студентите на факултетите од научното подрачје на општествените науки и на факултетите од научното подрачје на хуманистичките науки да имаат постигнато најмалку 9.01 просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година.

МОФ апелира за промени во политиките за да се спречи егзодусот на младите

Стипендии за вкупно 2855 студенти од различни категории

Потоа, ќе бидат доделени 85 стипендии (80 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 5 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на студиски програми по информатика кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 9.01 просечен успех и 15 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 8,00 просечен успех и тоа за студенти запишани на студиски програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности.

Освен тоа, ќе има и 15 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,50 просечен успех и тоа за студенти запишани на студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија, со месечна стипендија од 6.050 денари за девет месеци во годината.

Ќе се стимулираат студентите со висок просек

Ќе се доделат и 15 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,50 просечен успех и тоа за студенти запишани на студиски програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик), со месечна стипендија од 6.050 денари за девет месеци во годината.

Студентите кои добиват стипендија од државата имаат обврска да се вратат, но не се враќаат

Во третата група – 500 стипендии (480 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 20 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7.50 просеченен успех но не повеќе од 8.50.

Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи треба да се редовни студенти, да не повторувале година во текот на студирањето, да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании и да се државјани на Република Северна Македонија.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?