ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.01.2022
Apple исплати 105.500 долари награда за пронајдена грешка

Компанијата Apple исплати 105.500 долари награда на студент кој преклу програмата за „наградување на грешки“ откри пропуст во камерите на Safari i iCloud.

Студент за сајбер безбедност му покажа на Apple како хакирањето на Mac камерите може да ги остави уредите целосно изложени на хакери.

Рајан Пикрен, кој претходно откри ранливост во камерите на уредите iPhone и Mac, ја доби наградата, за која се верува дека е најголемата сума што Apple ја платил досега во потрагата по багови.

Како дел од програмата за „наградување на грешки“ на Ејпл му плати на Пикрен 105.500 долари за откриениот пропуст.

Најважните податоци за вас се на вашиот компјутер – заштитете ги

 

Според Пикрен, новата ранливост за веб-камерите се однесува на серија проблеми во Safari и iCloud, за кои Ејпл сега тврди дека се поправени. Пред да се поправи, злонамерната страница можеше да изврши напад користејќи ги овие грешки.

Преку своето истражување, студентот пронашол четири пропусти во Apple macOS, од кои две може да се користат за хакирање на веб-камерите на корисниците.

Пикрен објаснува дека ранливоста на напаѓачите можела да даде целосен пристап до сите сметки на веб, од iCloud до PayPal, како и дозволи за користење микрофони, камери и споделување екран.

Apple не коментираше за оваа грешка, ниту е познато дали ранливоста е активно искористена.

Програмата за лов на грешки на Apple може официјално да го награди пронаоѓачот на ранливост до 1 милион долари, а сегашната награда е најголемата досега објавена во јавноста.

Експертите за сајбер безбедност не мора да откриваат награди, па сосема е можно Ејпл да плати некому уште повеќе. Ова е досега најголемата позната исплата што некој ја примил од Apple.

Аларм: Вештачката интелигенција може да излезе од контрола
Британија воведува „полициски час“ за TikTok и Instagram? Реакциите во јавноста поделени