ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.11.2022
(Аудио) Како новинар може преку ноќ да стане „терорист“?
    • Не сум сигурен дали смеам да го користам вашето име?
    • Амм….
    • Ирина, тоа е вашето вистинско име нели?
    • Да, тоа е моето име.
    • Во ред ќе го користиме само името во ова интервју. Може?
    • Да. Може така.

Вака го започнавме разговорот со Ирина од Белорусија, долгодишна новинарка која денес, како и многу други свои колеги, не може да се врати дома. Владата во Белорусија од 2020 година протера или принуди на егзил преку 300 новинари од земјата. Сега Ирина и своите колеги се обидуваат вестите за Белорусија да ги пишуваат надвор од земјата.

Со Ирина се сретнавме надвор од Белорусија, но за ова интервју не замоли да не снимаме видео, и да не ја откриваме локацијата каде е снимено интервјуто.

Да се биде новинар во Белорусија моментално е веројатно најтешко во цела Европа.  Ирина ги спомена, како што вели „наместените избори“ во Белорусија во 2020 година. Тогаш актуелниот претседател Александар Лукашенко доби неверојатни 80% од гласовите.

Она што е исто така сомнително е тоа што Лукашенко ги победува сите избори од 1994 година па наваму. Неговиот против кандидат Светлана Тсиханаускаја тврдеше дека ги победила изборите со близу 60% од гласовите. Голем дел од тимот на Светлана се уапсени, вклучително и нејзиниот сопруг. Светлана со останатите 16 луѓе од тимот ја напуштиле државата и моментално се во Полска.
Од тој момент диктатурата во Белорусија станува опасна за речиси секој кој се противи на политиката на Лукашенко. Новинарите, па дури и оние кои на социјалните мрежи само ќе споделат нешто, можат да бидат прогласени за екстремисти. Ирина објаснува како е тоа можно.

Слушнете го целото интервју со Ирина во продолжение:

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026