
На 1 октомври по 18 пат во Скопје ќе се одржи културната манифестација „Бела ноќ“. Содржините ќе се реализираат на повеќе локации – Кинотека, КИЦ, Национална галерија, МКЦ, музеи….

Фото: FB profil Univerzalna sala Bela nokj
Настаните во рамки на Културно информативниот центар – Скопје (КИЦ) се насловени „КИЦ Артленд“, а ќе започнат во 19 часот. Настанот ќе биде заокружен со голема изложба на државната манифестација „Денови на македонска фотографија“ во организација на „Фото сојуз на Македонија“, која го слави својот 60-ти роденден. И оваа година, организаторите најавуваат мултимедијална вечер, со богата културна програма. Во „Бела ноќ“ ќе бидат опфатени сите културни установи во Скопје. Предвидени се изложби, кино проекции, театарски претстави на отворено, поетски читања, музички настапи, магионичари, жонглери, камерен оркестар итн. Од музичките настапи се издвојуваат Мијата, Трио Џентлмен, Хор на Богородичната црква…
Локациите каде што ќе се одвиваат настаните се Кинотека, КИЦ, Зоолошка градина, Детски културен центар „Карпош“, Национална галерија, Младински културен центар, Музеј на современата уметност, Музејот на македонската борба и Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје.
Целосната програма која ќе се одвива во КИЦ можете да ја видите овде.