ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.06.2023
Берин Мухамед е новиот лидер на средношколците
Автор: Goce Author

Берин Мухамед, ученик во втора година во скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, е новиот претседател на Сојузот на средношколци. Тој беше избран денеска од делегатите на Третиот конгрес на Сојузот.

Негов противкандидат беше Ива Трпески, ученичка во средното училиште „Мирко Милески“ во Кичево, која добила 46 отсто од гласовите, наспроти Мухамед, со 54 отсто.

Новиот средношколски лидер изјави дека како средношколец и младински активист ќе ја поддржува младинската работа. Сојузот на средношколци во изминатиот период игра клучна улога во борба за правата на средношколците и подобрување на нивнте услови. Во ситуација кога средните училишта се соочија со низа предизвици, како лажни дојави за бомби, матури, многу отсутва од часови, сојузот е битна алка во иновативни решенија на овие предизвици.

И во Хрватска младите сакаат да студираат во странство

„Сакам да ја поддржам младинската работа, второ, ќе бидат учебниците затоа што немаме доволно учебници во училиште, некои фалат, некои се стари. Мислам дека е добра идеја да ги има печатени, а другите електронски“, рече Берин Мухамед.

Неговиот претходник Лука Павиќевиќ соопшти дека на Конгресот учествувале повеќе делегати од територијата на цела држава со опфат на сите статистички региони. „Повеќето учесници присуствуваа физички, а дел што беа спречени да дојдат присуствуваа и гласаа онлајн. Двајцата кандидати се искусни активисти во Сојузот, бидејќи во изминатиот период двајцата беа членови на нашиот Извршен одбор“, изјави Павиќевиќ.

Мандатот на претседателот на Средношколскиот сојуз е две години.

Извор: Мета.мк

Отворени пријавите за пасивни учесници на Интернационалниот студентски конгрес по медицина
Признание „Ацо Шопов“ за Китанов и Мојсова – Чепишевска