ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.05.2023
И во Хрватска младите сакаат да студираат во странство
Автор: Goce Author

Хрватска, иако е членка на ЕУ, не е имуна на проблемот со намалување на бројот на ученици, како и заминувањето на младите на студии во странство.

Истражувањето спроведено меѓу матурантите покажува дека една петтина од нив сакаат да студираат во странство, пишува во понеделникот Вечерњи лист.

Фото: Anadolu Agency

Хрватска за десет години изгубила дури 55.341 ученик во основните и средните училишта, а на почетокот на оваа учебна година, која привршува, имала 453.867 основци и средношколци. Многу помали деца се преселиле во странство со своите семејства, а многу постари средношколци својата иднина ја гледаат главно во земјите-членки на ЕУ каде што сакаат да студираат или работат.

Од друга страна, странските студенти се исклучок на хрватските универзитети. Дури и кога некои ќе дојдат да студираат, на пример медицина во Загреб или во Сплит, по завршувањето на студиите се враќаат во своите земји. Ниту пандемијата ниту војната во Украина не ја поколебаа желбата на средношколците да се преселат во странство. Дури, се зголемија аспирациите на средношколците да студираат во странство, така што во пролетта 2022 година, речиси една петтина од матурантите (18%) изразиле намера да студираат во странство. За време на пандемијата, 15% од матурантите имале тенденција да го сторат тоа.

18 % од матурантите во Хрватска мизразиле желба да студираат во странство

Ова го покажува истражувањето на д-р. Тео Матковиќ од Институтот за социјални истражувања (ИДИЗ) во Загреб, кој го реализирал со професорите  Јосип Шабиќ и Маргарета Грегуровиќ од Институтот за миграции и националности.

„Одливот на мозоци“ е и причина и последица на економските маки на Балканот

Матковиќ на неодамнешниот конгрес на Хрватското социолошко друштво во Сплит го презентираше истражувањето „Постојаност на образовната мобилност и миграциските намери кај средношколците за време на пандемијата на Ковид-19“, а неговата работа и онаа на неговите колеги ќе бидат објавени во Меѓународниот весник за социологија на образованието.

Матковиќ и неговите колеги сакаа да испитаат дали тешкотиите предизвикани од пандемијата влијаеле на намерата за меѓународна миграција на хрватските средношколци и нивните аспирации да студираат во странство, пишува новинарката на Јутарњи лист, Дијана Јурасиќ.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија