ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.12.2025
„Безбеден град“ ја открива безобразната сообраќајна некултура
Автор: Goce Editor

Системот „Безбеден град“, кој од вчера почна да функционира во Скопје, регистрира 110.000 сообраќани прекршоци,  од кои околу 1.000 возила без регистрација, а околу 5.000 поминале на црвено. Без разлика каков прекршок е регистриран, во 90 отсто од нив забележана е брзина поголема од дозволената.

Како што рече министерот за внатрени работи Панче Тошковски, системот се вовоедува со цел да се намаи бројот на жртви кој во последната година изнесува 142, а според него, бројката од 142 жртви не е обична – „тоа се луѓе со семејства кои ги губат животите на улиците“.

„Констатиравме дека во одреден дел од прекршоците, записниците не стигнале до вистинските возачи. Ова е тест период, но ќе се работи на поправање на овие грешки“, рече Тошковски.

Појасни дека возило на брза помош нема да биде санкционирано ако вози побрзо од пропишаното во услови кои се предвидени. Истото важи за други сервисни возила како и возилата на МВР и на АРМ, но сите дргу подлежат на санции, без разлика дали се оние службените со црвена табличка.

Децата во сообраќајот – една од најранливите категории

Вели дека дел од функционерите кои се возат со службени возила со полициска придружба, имаат право понекогаш да се возат побрзо од дозволеното, но доколку министер вози и направи прекршок, ќе биде казнет. Додаде дека досега се казнети најмалку тројца возачи кои во моментот возеле министри, а не се придржувале до пропишаните правила, без да открие за кого се работи.

„Безбеден град“ е со тест период до 1 јануари или 1 февруари 2026

Почитување на петте стандардни принципи кои се пример во европските земји: безбедна брзина, безбедни учесници во сообраќајот, безбедни патишта, безбедни возила и ефикасна реакција на институциите по настанување на сообраќајната незгода. Тоа, според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, е клучот за нула жртви во сообраќајните несреќи.

Photo by Dan Gold on Unsplash

Во обраќање на Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, што се одржува денеска во Скопје, министерот посочи дека „Македонија, за жал, во последните 15 години е синоним за врв на жртви предизвикани од непочитување на сообраќајни правила“.

– Бројката  е 145 жртви. Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, сиот оној убав народ што живее во Македонија не е само бројка кога говориме за 145 жртви како последица на непочитување на сообраќајни правила во изминатите 15-ина години. Лани бројката  е 142 жртви, за жал, најголем број се млади до 29 години, а и во рамки на светските параметри најголем број од почнатите млади во светот се како последица на непочитување на сообраќајните правила, рече Тошковски.

Мотоцикли се возат без возачка, кацига, нерегистрирани….

Тој повика на координирана активност на сите институции за исполнување на целите со европската стратегија за преполување на жртвите во соообраќајот до 20230 година и нивно сведување на нула до 2050.

Министерот порача дека е многу важно да се примени како што треба системот „Безбеден град“, што е во пробна функција од вчера.  Сеуште не е дефинирано дали со казнување ќе се започне од 1 јануари или 1 февруари 2026. Најави дека заклучно до средина на 2026 година треба да се примени на територија на цела држава.

Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија
Студирање и работење – секојдневие за студентите