ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.04.2024
Децата во сообраќајот – една од најранливите категории
Автор: Goce Author

Децата се една од најранливите категории учесници во сообраќајот. Токму затоа неопходно е да се вложат заеднички напори за унапредување на нивната безбедност во сообраќајот. Треба да се има предвид дека тие се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата и да се посвети особено внимание на нивната едукација од областа на сообраќајните правила и прописи.

Неопходноста за помош и едукација од возрасните посебно е изразена кај децата од помала возраст. Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува:

запознајте ги децата со сообраќајните правила и прописи,

разговарајте за нивното однесување во сообраќајот и за правилноста на постапките, укажете им како можат да ги намалат или избегнат ризиците по нивната безбедност во сообраќајот,

укажете им дека коловозот треба да се преминува само на обележан пешачки премин,

помалите деца во сообраќајот треба да се движат држејќи за раката возрасен,

децата во сообраќајот треба да се сконцентрирани (а не да користат мобилни телефони или слушалки) за да можат навремено и правилно да реагираат,

Возете внимателно – во 2023 во Македонија се случиле 106 сообраќајни несреќи со смртни последици

пред да го преминат коловозот  треба да застанат, да погледнат лево и десно, па дури откако ќе се уверат дека сите возила запреле и дека е безбедно, може да исчекорат за да преминат,

укажете им дека не е безбедно да се движат на паркинг за возила или да го преминуваат коловозот помеѓу две паркирани возила затоа што можеби возачите нема да можат да ги забележат,

вклучете ги децата во одлучувањето кога и каде е безбедно да се преминува коловозот,

препорачливо е да носат светла облека или облека со рефлектирачки делови за да бидат повидливи во сообраќајот,

бидете пример за совесно и одговорно однесување во сообраќајот затоа што децата најчесто учат т.е. земаат пример од однесувањето на другите.

Заеднички да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот на патиштата.

(Видео) Жртва од Јавна Соба: И после три години се чувствувам злоупотребено и незаштитено
Како функционираат онлајн шопинг измамите: Ви продаваат погрешен производ, а потоа ве блокираат