
Биткоинот се искачи над претходниот максимум од 64,889 долари во април годинава. Тој е зголемен за над 4% во последните 24 часа и моментално се продава за околу 66.000 долари. Причина за растот на вредноста следеше откако вчера беше започнато првото тргување на берзата со фјучерси на Биткоин. Фјучерси на тргување со Биткоин започнаа на берзата во Њујорк во вторникот, а главен играч беше фондот ProShares Bitcoin Strategy ETF (Exchange traded fund), кој започна со тргување по цена од 40 американски долари по акција, под ознаката BITO, и го заврши денот со раст од пет проценти. Исто така, зголемен е и бројот на институционални инвеститори кои почнаа да го купуваат.

Photo by Bermix Studio on Unsplash
Неговата цена се зголеми и покрај постојаните критики од извршниот директор на JPMorgan Чеис Џејми Димон, кој неодамна рече дека е безвреден.
„Овој момент се чекаше долго. Бројни претприемачи и компании го чекаа ова од 2013 година, откако побараа одобрение од регулаторите“, рече претседателот на фондацијата за Bitcoin, Брок Пирс, во изјава за CNN Business.
„Одобрувањето на ETF е пресвртница за индустријата“, додаде тој.
Важно е да се напомене дека со купување на ETF на ProShares не станувате директен сопственик на биткоин, туку се обложувате само за идната цена на таа криптовалута.