ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.05.2025
Богатите повеќе придонесуваат за глобалното затоплување
Автор: Goce Author

Начинот на кој богатите трошат и инвестираат значително го зголемил ризикот од смртоносни топлотни бранови и суши, според студија за пресметка на влијанието на концентрираното приватно богатство врз екстремните климатски настани.

„Го поврзавме јаглеродниот отпечаток на најбогатите поединци директно со последиците врз климата низ целиот свет. Не е доволно само да се пресмета колку загадуваме, туку кој загадува и колку и кој ја сноси одговорноста“, вели научничката Сара Шонгарт од Универзитетот ЕТХ во Цирих.

Photo by Jon Tyson on Unsplash

Во споредба со глобалниот просек, најбогатиот еден процент придонел 26 пати повеќе за појавата на екстремни топлотни бранови, како и 17 пати повеќе за сушите во Амазон.

Студијата, објавена во „Nature Climate Change“, исто така откри дека емисиите од најбогатите 10 проценти во Кина и САД – кои заедно се одговорни за половина од загадувањето со јаглерод диоксид – директно доведоа до двојно зголемување на топлинските екстреми.

Согорувањето на фосилни горива и уништувањето на шумите ја затоплуваат површината на Земјата за просечно 1,3 степени Целзиусови во последните 30 години.

Стокхолм од 2025 ги забранува дизелите и бензинците

Шонгарт и нејзините колеги комбинираа економски податоци и климатски симулации за да ги следат емисиите од различни сегменти на населението и да го проценат нивното влијание врз различни видови екстремни временски настани.

Данок на богатите и милијардерите

Истражувачите ги зедоа предвид и финансиските инвестиции на поединците, не само нивниот животен стил или личните трошоци.

„Борбата против климатските промени што не се занимава со поголема одговорност за најбогатите членови на општеството ризикува да не се користи моќно оружје за намалување на идните штети“, вели еден од авторите на студијата, Карл-Фридрих Шлеуснер, раководител на групата за интегрирано истражување на влијанието врз климата во Меѓународниот институт за анализа на применети системи во Виена.

Од сопствениците на голем капитал може да се бара поголема одговорност преку прогресивни даноци на богатство и инвестиции.

Претходните истражувања покажаа дека насоченото оданочување, кое би ги поврзало богатството и емисиите, би било многу пофер од воведувањето општи даноци, што дополнително би ги оптоварило сиромашните.

Сепак, неодамнешните иницијативи за зголемување на даноците за најбогатите луѓе и мултинационалните компании во голема мера се заглавени.

Како климатските промени влијаат на здравјето

Минатата година, Бразил, како домаќин на самитот на Г20, лобираше за воведување данок од два проценти на вкупното богатство на лицата со повеќе од милијарда долари.

И покрај тоа што лидерите на Г20 се согласија да „соработуваат за да се обезбеди ефикасно оданочување на ултрабогатите поединци“, досега нема напредок во оваа област.

Во 2021 година, речиси 140 земји се согласија да работат на воведување глобален корпоративен данок за мултинационалните компании.

Според „Оксфам“, најбогатиот еден процент од луѓето акумулирале 42 трилиони долари ново богатство во последната деценија.

(Видео) Нов трејлер за GTA 6, но играта се одложува до 2026 година
Воспитување на деца – дали новите генерации се преблаги?