ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.06.2026
Британска и македонска воена музика во Градскиот парк во Скопје
Автор: Goce Author

Љубителите на музиката ќе имаат можност да уживаат во уникатен концерт на отворено што ќе се одржи на 8 јуни на Школка во Градскиот парк во Скопје.

Настанот е во организација на Британската амбасада и Армијата на Република Северна Македонија, а се реализира по повод одбележувањето на роденденот на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети.

Концертот започнува во 18:30 часот, а пред публиката ќе настапат Нотингемширскиот оркестар на Кралските инженери од Обединетото Кралство и Воениот оркестар на Армијата на Северна Македонија.

Организаторите ги покануваат граѓаните да бидат дел од вечер исполнета со музика, дружење и одбележување на долгогодишното британско-македонско партнерство.

Почнува вториот уписен рок во средните училишта: Слободни се 11.882 места
Студентите ќе вежбаат интервенции, хируршко шиење и ургентна медицина: Што носи јубилејната ЕМСА школа во Охрид?