
Со ПЦР тест, македонските граѓани сепак ќе можат да патуваат во Бугарија. Покрај сертификат за вакцинација или за прележан Ковид, ќе треба да приложат и негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Ова е епилогот од интензивната комуникација која ја имале Министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија, по одлуката на Бугарија да забрани влез во својата држава освен за есенцијални потреби.

Фото: DarikNews.bg
Поради влошената епидемиолошка ситуација, Македонија продолжува да биде во т.н. Црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.
Имено, со најновата одлука на бугарските власти, а која ќе стапи на сила од 20 јануари (четврток), на сите државјани на Република Северна Македонија, им е дозволен влез во Бугарија при приложување на валиден сертификат за вакцинација против КОВИД 19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.
За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен тест.