ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.09.2021
Очен лекар им ги отвара очите на антиваксерите!

 

Очен лекар од Сремска Митровица се впуштил во невозможна мисија – да им ги „отвори“ очите на антиваксерите! Доктор Драган Мартиновиќ, Началник на Клиниката за очни болести во Сремска Митровица  ставил известување дека пациентите кои доаѓаат на преглед, мораат да имаат потврда за вакцина и ревакцина за корона или негативен ПЦР тест не постар од 48 часа или брз антиген тест.

„Ова е моја одлука за да го заштитам здравјето на пациентите кои чекаат во чекалната, здравјето на пациентите, и тоа од неодговорните лица кои не сакаат да се вакцинираат“ – стои во известувањето.

Мартиновиќ исто така напишал: „Впрочем, лицата кои не сакаат да се вакцинираат очигледно подобро се разбираат во вакцини од светски признатите научници, знаат се за светските заговори, така што веројатно се разбираат и во офталмологија“.

Ова известување предизвикало бура од реакции, а Мартиновиќ за српските медиуми одговорил:

„На нас докторите е да ги едуцираме луѓето и да ги научиме на нешто. Луѓето очигледно не знаат дека државата пропишала дека секој при прием во болница мора да ПЦР тест или антиген или потврда дека е вакциниран. Ова ги штити сите вработени, но и пациентите. Зошто ние здравствените работници, лекарите, медицинските сестри и чистачите во болниците би биле дискриминирани во споредба со другите? Мораме да се вакцинираме, а другите не мора. Ако сме вакцинирани затоа што тоа е наша обврска и должност, тогаш го очекувам и од другите “, нагласил д -р Мартиновиќ.

“Неколку колеги, мои пријатели, веќе починаа од корона. Затоа го направив ова. Нема крај на епидемијата ако продолжиме вака“.

“Мојата одлука не се однесува на итни случаи и луѓе со некои акутни проблеми. Поради нив ќе го ризикувам животот. Бев во војната во 1991, 1995 и 1999 година, а не по своја волја. Го ризикував својот живот затоа што мораше. Не морам сега “, заклучил Мартиновиќ.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија