ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.01.2022
Човек доживеал срцев удар, а помош му била доставена со дрон
Автор: Goce Author

Неодамна 71-годишниот Швеѓанец доживеал срцев удар додека го чистел снегот пред својата куќа. За првпат во медицината, помош му била доставена преку дрон, овој чин се смета за прв ваков случај во медицинската документација.

Возејќи кон локалната болница, д-р Мустафа Али, забележал човек кој колабирал на патот и веднаш сфатил дека нешто не е во ред. Докторот забележал дека нема пулс и веднаш започнал со реанимација, а од минувачите побарал да се повика брза помош, пренесува „Унилад“.


Летачката играчка со која може да започнеш видеографска кариера


„Само неколку минути подоцна видов нешто како ми прелета над главата. Беше тоа дрон со дефибрилатор“ – вели, д-р Мустафа Али.

Дефибрилаторот пристигнал од услугата „Евердроун“ за итна медицинска испорака од воздух, иновативна алка во синџирот на спасувачки мерки во регионот Вестра Готаланд во Шведска, само три минути по повикот до итната помош.

71- годишниот маж, благодарение на докторот и иновативноста на компанијата „Евердроун“, преживеал срцев удар и целосно закрепнал.

„Да не беше дронот веројатно немаше да бидам тука. Ова е навистина револуционерна технологија која треба да се применува насекаде. Секому може да му се случат ненадејни срцеви удари“, рекол човекот.


Дрон ќе ве обезбедува по дома или ќе ве гледа по дома?


Инаку, од компанијата што го изработија овој систем, велат дека е формиран за да се скрати времето на одговор на итните служби и континуирано се подобрува соработката со Центарот за наука за реанимација. Беспилотните летала се интегрирани со системот за диспечер за итни случаи и го намалуваат времето на чекање за помош.

Аларм: Вештачката интелигенција може да излезе од контрола
Британија воведува „полициски час“ за TikTok и Instagram? Реакциите во јавноста поделени