
Црвен Крст Штип во соработка со Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Универзитетското студентско собрание и медицинската студентска организација СОМА , ќе спроведат едукација за давање на прва помош кај студентите на УГД. Истата ќе се одржи на повеќе кампуси во неколку дена, каде ќе бидат опфатени сите факултети и академии при УГД.
Првата обука на Црвен крст ќе биде спроведена на 28.4.2025 (понеделник) од 14:00 часот во Кампус 2, Амфитеатар 2 од страна на Прим д-р Мери Шорова. На обуката ќе бидат опфатени студентите од следните факултети:
Целта на оваа иницијатива е да се покрене свест за значењето на едукацијата на студентите и младите за правилно давање на прва помош во ургентни ситуации. Правилната и навремена реакција може да биде од клучно значење за нечиј живот, а младите треба да бидат едуцирани за дејствување во ваквите ситуации.
Студентите ќе имаат можност да ги научат основните правила на CRP (кардиопулмонална реанимација) и да се стекнат со практични знаења кои еден ден можат да значат живот.
„Од исклучителна важност е, не само медицинскиот персонал, туку и секој граѓанин да ги знае основите на реанимација и давање на прва помош. Ургентните ситуации и немилите настани може да се случат на секој чекор, а базичните познавања на давање прва помош, практикувани правилно може да спасат живот. Затоа главна цел ни е правилната едукација кај сите студенти на УГД и подготовка за навремена интервенција“,велат од организаторите.