ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.04.2025
Црвен крст ќе ги едуцира студентите на УГД за прва помош

Црвен Крст Штип во соработка со Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Универзитетското студентско собрание и медицинската студентска организација СОМА , ќе спроведат едукација за давање на прва помош кај студентите на УГД. Истата ќе се одржи на повеќе кампуси во неколку дена, каде ќе бидат опфатени сите факултети и академии при УГД.

Првата обука на Црвен крст ќе биде спроведена на 28.4.2025 (понеделник) од 14:00 часот во Кампус 2,  Амфитеатар 2 од страна на Прим д-р Мери Шорова. На обуката ќе бидат опфатени студентите од следните факултети:

  1. Факултет за информатика
  2. Земјоделски Факултет
  3. Машински Факултет
  4. Факултет за природни и технички науки
  5. Технолошко-технички факултет
  6. Електротехнички Факултет

Целта на оваа иницијатива е да се покрене свест за значењето на едукацијата на студентите и младите за правилно давање на  прва помош во ургентни ситуации. Правилната и навремена реакција може да биде од клучно значење за нечиј живот, а младите треба да бидат едуцирани за дејствување во ваквите ситуации.

Млади волонтери организираат хуманитарни концерти, работат со социјално загрозени и лица со интелектуална попреченост, а придонесуваат и за почиста околина во Штип

Студентите ќе имаат можност да ги научат основните правила на CRP (кардиопулмонална реанимација) и да се стекнат со практични знаења кои еден ден можат да значат живот.

„Од исклучителна важност е,   не само медицинскиот персонал, туку и секој граѓанин да ги знае основите на реанимација и давање на прва помош. Ургентните ситуации и немилите настани може да се случат на секој чекор, а базичните познавања на давање прва помош, практикувани правилно може да спасат живот. Затоа главна цел ни е правилната едукација кај сите студенти на УГД и подготовка за навремена интервенција“,велат од организаторите.

Yoco Join – иницијатива за поактивни млади
Штип УГД во борба за одбојкарската титула