
д-р Игор Пеев
Самодовербата во огледало апликацијата „Zoom“ ја стави „под нозе“!
(Не)задоволството од сопствениот изглед е вечна тема, и најчесто се поврзува со дамите, кои почесто се незадоволни (дури и кога навистина не би требало да бидат незадоволни од сопствениот изглед). Решението се повеќе се бара во пластичната хирургија, која е се попопуларна, и тоа во случаи кога интервенциите не се само поради здравствени, туку поради естетски причини.
Денеска се дружиме со д – р Игор Пеев, пластичен хирург кој ќе ни каже повеќе за неговите интервенции, колку луѓето сакаат да прават корекции на себе и што најчесто корегираат. За себе вели дека е уметник во душа, филантроп во срце и човек кој што ужива во својата работа.
Д – р Пеев ја работи својата професија повеќе од десетина години, па го прашавме да ни раскаже повеќе околу својата интервенција и колку се променети желбите на клинетите од почетокот до сега.
Откако започна пандемијата и онлајн состаноците, повеќе од времето луѓето се дома и почесто си ги бараат недостатоците и несовршеностите гледајки се во огледало или на камера. Дали тоа се придонесува за почеста посета на корективен хирург?
Прочитајте и: Гоце.мк – Од пандемија до пластична операција – како Ковид го смени погледот кон сопственото лице – (goce.mk)
Д – р Пеев ни откри и кои се најчестите интервенции кои тој ги извршува. Сеуште на врвот се жените со потребата за корегирање, ама не изоставуваат ни мажите иако се помалубројни.
Доаѓаат ли со слика, еве јас сакам да имам нос како на оваа глумица. Каков е вашиот пристап кон ваквиот тип на пациенти?
За да се направи посакуваната трансформација пациентот мора да помине неколку прегледи преку кои ги искажува своите желби и се консултира со докторот за да дознае колку се остварливи и реални.
Естетските зафати веќе не се табу тема, како што беше пред десетина години. Со се почестиот број на пациенти кои сакаат да направат корекција на своето тело и отвореното зборување за тоа, веќе ја нормализира естетската хирургија како дел од секојдневното живеење. Доктор Игор Пеев е секогаш достапен за разговор, корекција и пријателски совет доколку сакате да направите физичка промена кај себе.