ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.10.2021
Да го прекинеме молкот – анонимна анкета за сексуално вознемирување во високото образование

Сексуалното вознемирување во образованието,посебно во високото, е тема за која повеќе се молчи, отколку што се зборува. Само одвреме навреме ќе излезе понекој случај во јавноста, ќе се говори краток период за тоа како имало сексуално вознемирување, непристојни предлози до студент(к)и во замена за оценка, но најчесто поголемиот број од вакви случаи остануваат во доменот на озборувања и ширење низ разговори помеѓу студентите, без системско решавање, како од аспект на пријави до надлежните институции и доаѓање до одговорност, така и од аспект на создавање на систем преку кој полесно ќе се препознаваат и пријавуваат формите на сексуално вознемирување.

Сметајќи дека ова е тема од посебен интерес и дека сексуалното вознемирување во ниту една форма не смее да се занемари, goce.mk со цел да добие повеќе сознанија и информации за реалната состојба со сексуалното вознемирување во високото образование реализира анонимна онлајн анкета, на која сите личности кои доживеале или знаат за такви случаи ќе можат да го кажат своето искуство. Анкетата е потполно анонимна, а добиените податоци ќе бидат анализирани и искористени за реализација на прилози и дебатна емисија во која со експерти од областа ќе се обидеме да дефинираме мерки и чекори за подобрување на состојбата со појава на сексуално вознемирување во високото образование.

Најдете ја анкетата во продолжение.

Преку видео камери проверете каде има гужва пред да тргнете на пат
Децата во сообраќајот – една од најранливите категории
Училиштата ќе ги одработат неработните 24 април и 8 мај