ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.04.2026
Дали алгоритмот го обликува нашиот живот?

Колку од изборите што ги правиме секој ден се навистина наши? Во време кога младите поминуваат часови на социјални мрежи, алгоритмите стануваат невидлив фактор што сè повеќе го обликува нивното однесување, интереси и дури и начинот на размислување.

Од видеата што ги гледаме, до вестите што ни се појавуваат — дигиталниот простор не е случаен. Тој е внимателно селектиран преку алгоритми кои постојано учат од нашите навики.

Според извештај на American Psychological Association (2023), користењето на социјални мрежи има значајно влијание врз менталното здравје на младите. Ова вклучува зголемена анксиозност, зависност и намалено задоволство.

Дополнително, понови податоци покажуваат дека младите кои најинтензивно користат социјални мрежи почесто пријавуваат лошо ментално здравје, што укажува на директна поврзаност меѓу дигиталната активност и психолошката состојба (APA, 2024).

Истражувања: 66% од младите чуствуваат анскиозност ако немаат пристап до смартфон, a 35% покажуваат клиничка зависност

Овие наоди се потврдени и со академски истражувања. Една понова студија објавена во научно списание покажува поврзаност помеѓу користењето социјални мрежи и појавата на депресија и анксиозност кај младите (MDPI, 2025).

Дополнително, анализи од Stanford University укажуваат дека прекумерната употреба на алгоритамски платформи може да доведе до зголемен психолошки стрес и зависност.

Но влијанието на алгоритмите не се ограничува само на менталното здравје. Тие активно ја обликуваат и содржината што ја гледаме, создавајќи персонализирана реалност. Истражувања покажуваат дека алгоритмите не само што ги следат корисниците, туку и ги насочуваат нивните избори и внимание (PMC студија).

Алгоритмот не ти го покажува светот — ти покажува верзија од светот што ќе те задржи подолго.

Кога содржината што ја гледаме е внимателно селектирана и оптимизирана, границата меѓу личен избор и алгоритамско влијание станува сè понејасна.

Младите сè повеќе се соочуваат со анксиозност и несигурна иднина
Кариерен ден на УГД во Штип