ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.01.2022
Дали би прифатиле работа во Германија?
Автор: Goce Author

Со години наназад работа во Германија е нешто што ги окупира младите во Македонија и голем дел од нив заминуваат таму. Од една страна е студентската работа во Германија од друга страна работа за квалификувани работници.

Летна работа vs. Работа за квалификувани работници

Летната студентска работа во Германија е многу популарна и за истата има бројни агенции кои посредуваат при регулирањето на виза, работа и сместување. Квалификуваните работници заминуваат по друга постапка која и не е многу комплицирана ако влегувате во профилот кој и е потребен на оваа земја.

Германска влада сака секоја година од странство да привлекува по 400.000 квалификувани работници. Со ова сметаат дека би го решиле проблемот со демографската нерамнотежа и недостигот на работници во клучните сектори. Плус имаат сериозен проблем околу недостигот на стручна работна сила што драматично ја забавува нивната економија.


Тајван најдобра земја за работа за странци – Турција најлоша!


Германија нема работници?

Германскиот Економски Институт проценува дека поради одење во пензија, а немање млади да ја пополнат празнината, работната сила во Германија би се намалила за над 300 000 вработени оваа година.

До 2029 година, тој јаз би можел да се зголеми на над 650.000, а во 2030 недостигот на работоспособни лица би можел да достигне пет милиони. За да ја направат Германија атрактивна за странските работници, договориле систем за бодување професионалци кои не се од земјите на Европската унија. Исто така, ја подигнале минималната саатница до 12 евра.

Можноста за барање на работна виза директно на страницата на Германската амбасада во Скопје е отворена, доколку аплицирате – Среќно!


Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“


Начин за влез во земјата

Сепак внимавајте доколку сакате да патувате таму! Од 16.01.2022 на сила е  правилото дека Македонија е повторно со висок ризик на Ковид-19. (Информации во врска со правилата околу патување во Германија)

Затоа, сите патници мора да се регистрираат на порталот за влез на Германија и да ја носат со себе потврдата заради контрола од страна на превозникот или полиција. Освен тоа, сите патници се должни да заминат директно во предвиденото сместување, веднаш по влегувањето во земјата и да останат таму цело време (карантин).

Не е дозволено да се примаат посетители. Начелно овој карантин трае 10 дена. Ако пододнесете доказ за вакцинација или оздравување преку порталот за влез, карантинот завршува предвреме, во моментот на поднесување. Исто така може да се направи тест најрано пет дена по влегувањето. За лица под 12 -годишна возраст, карантинот завршува автоматски, со завршување на 5 -от ден по влегувањето.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?