ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.12.2021
Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“
Автор: Goce Author

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го додели признанието „Успешни млади“, во рамки на проектот инициран за поттикнување на научната, истражувачката и креативна работа на младите луѓе од земјава. Целта е креирање на политики кои ќе придонесат да се намали одливот на млади луѓе од нашата земја, како и за создавање на перспективи за младите и успешни кадри.


Невработеноста најголем проблем за младите, кои не се задоволни од мерките и политиките за млади


Комисијата која е составена од реномирани домашни и странски професори и експерти од своите области, одлучи оваа година признанието да го добијат шестмина учесници.

Во категоријата најдобар млад научник во природно-математички и технички науки, добитник е Петре Ламески. За афирмација на инклузијата на млади со попреченост комисијата донесе одлука признанието да го додели на двајца кандидати, Андон Дамовски и Марија Савеска. Во категоријата најдобар млад уметник, добитници се Сашо Димоски и Билјана Камчева. Добитник на признанието Млад талент кое се доделува на ученици и ученички од средните училишта е Матеј Милосиевски.


„СЕГА“ и СОС „Детско село“ заеднички за подобра вработливост на младите


„Пристигнатите трудови и нивниот квалитет потврдуваат дека младите кај нас навистина поседуваат исклучителни таленти. Верувам дека за добитниците, признанието ќе претставува своевидна валоризација на нивниот труд и поттик да продолжат напорно да работат и да се развиваат во своите области. Исто така, се надевам и на иницирање на соработка помеѓу апликантите и добитниците на признанија и од иста и од различните категории, при што, ќе се разменуваат идеи и иницираат мултидисциплинарни истражувања и проекти“,  порача претседателот Пендаровски честитајќи им го успехот на добитниците и на сите останати кандидати кои се пријавиле на јавниот повик.

Претседателот истакна дека за успешните млади секогаш мора да бидат отворени образовните, научните и културно-уметничките институции, стопанските субјекти и креативните индустрии.

„Да се трудиме секој во својот домен и во рамките на ингеренциите и на можностите да работиме на создавање перспективи за младите и успешни поединци да останат и да ја градат својата кариера во Република Северна Македонија. Јас и моите соработници стоиме на располагање преку проекти и иницијативи да придонесеме за поддршка на успешните млади“, рече во обраќањето претседателот Пендаровски.


Бојан Велевски: „Што е твое ќе си дојде, ама мора и ти малку да го побараш.“


Признанието „Успешни млади“ се доделува по втор пат за резултати постигнати во изминатата календарска година во областа на општествените, природно-математичките и техничките, хуманистичките и на медицинските науки, на млади со значајни достигнувања во уметничките и во културните практики, како и во категориите млади иноватори, таленти и успешни млади со попреченост.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?