
Автор на текстот: Божидар Доневски
Дали верувате дека правото и уметноста имаат заеднички точки ? Јас верувам.
Доказ за тоа се трудовите презентирани во публикациите ,,Миграција и човекови права” и ,, Дискриминација и цензура “ кои што претставуваат плод од активностите под менторство на проф.Ана Никодиновска Крстевска и проф.Страшко Стојановски од Правен факултет при УГД Штип, како и проф.Јана Јакимовска од Ликовната академија при УГД Штип.
Соработката помеѓу Правниот факултет и Ликовната академија е спроведена во рамките на две активности.
Првата активност била по повод промоцијата на изданија од Правниот факултет, во рамките на одбележување на денот на Европа, каде што студентите од Ликовната академија подготвиле изложба на дела со наслов ,,Дискриминација”.
Втората активност била по повод работилницата ,, Слобода на изразување “, наменета за студентите по новинарство и правни студии, каде што студентите од Ликовната академија подготвиле изложба на тема ,, Цензура “.
Сe надевам дека овие активности ќе ја подигнат јавната свест за почитување на човековите права во македонското општество, за да се постигне повисок степен на толеранција.
Делата сами по себе зборуваат. Уживајте во креативноста на професорите и студентите од Ликовната академија при УГД Штип : Јана Јакимовска, Александра Илиева, Борче Валаков, Вангел Кристановски, Ивана Ивановска, Татјана Јованова, Наташа Лефкова, Анкица Коцева, Анкица Стевановска, Виолета Каракашева, Зорица Пецева, Јована Велинова, Мики Иванов, Моника Милошевска, Сергеј Смилков и Теодора Ѓорѓиева.
Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви во достоинството и правата. Секој човек има право на живот, слобода и безбедност.
За крај сакам да го цитирам Нелсон Мандела, инспиративниот лидер и добитник на Нобелова награда за мир во 1993-та година, затоа што најискрено верувам дека љубовта во човековото срце секогаш ја победува омразата.
,, Никој не се родил мразејќи друга личност поради бојата на кожата, нејзината историја или религија. Луѓето мора да научат да мразат и ако навистина научат да мразат, тогаш може да научат и да сакаат, затоа што – љубовта во човековото срце доаѓа многу поприродно од нејзината спротивност “.
Искра Донева: Болниците не ме обесхрабрија, а образованието ми го трасираше патот