ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.02.2023
Дали „варeње кафе“ е главна активност на студентската пракса во Македонија?

Од серијалот анкети кои ги спроведоа универзитетските медиуми на Универзитетот „Гоце Делчев“, едно прашање константно се провлекуваше – немаме доволно и немаме квалитетна практична настава.

Преслушајте го целиот текст и со заклучен телефон:

Кога одиме на пракса само вариме кафе и не правиме ништо друго, вели еден од студентите во анкетата на Гоце.мк и УГД ФМ.

За волја на вистината проблемите со пракса се многу по изразени во медицинските и техничките науки, но и оние во општествените науки не се многу поразлични.

Професорката Елена Веселинова од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ детектира одредени предизвици на практичната настава. Според неа има пракса, но таа треба да дава подлабоки знаења, наместо учење само на површни и парцијални процеси.

Универзитетите немаат контрола над процесот на практична настава

Иако практичната настава е регулирана и задолжителна со Законот за високо образование и со правилници на самите факултети, сепак не постои систем во кој се врши било каква контрола над тоа дали таа пракса е реализирана и квалитетот на истата. Сега за сега тоа е оставено на довербата меѓу студентите, компаниите и универзитетите.

Довербата е добра, а контролата е уште подобра

Дали контролата над практичната настава ќе ја подобри праксата? Тоа е прашање кое треба да се разговара во академските кругови. Веројатно е можно поголемо ниво на контрола во изведувањето на практичната настава, воведување на унифицирани курикулуми за одредени дејности во стопанството и начини за мотивирање на бизнис заедницата. Но професорката Велинова е резервирана за тоа дека преголема контрола може да направи и штета на процесот.


Општествените науки имаат проблеми и поради корупцијата на системот?

Немањето квалитетна и обемна практична настава е еден фактор за студентите да се одлучат да студираат некаде во странство, но според професорката Ана Никодиновска Крстевска од Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, корупцијата на системот има големо влијание за разочарувањето кај средношколците и студентите.

Решенијата за овие проблеми на Општествените науки треба да се бараат во самите универзитети и во реформи на процесот?

Професорката Никодиновска Крстевска решението на овој проблем го гледа во централизирање на Универзитетите. Тоа би значело наместо еден универзитет да биде дисперзиран на повеќе места, тој да биде централизиран во еден универзитетски центар. Дисперзирањето на високото образование е добро, но ги исцрпува ресурсите на самите универзитети и го намалува квалитетот на образованието, вели Никодиновска Крстевска.

Професорката Веселинова предизвиците за практичната настава ги гледа во можноста студентите да реализираат симулации и пракса во самите факултети. Ова е концепт кој веќе е познат на светски универзитети, а многу малку се применува на нашите. Ова значително може да го подобри искуството на студентите, вели Веселинова.

 

Младите сè повеќе се соочуваат со анксиозност и несигурна иднина
Науката ја поместува границата — и ја менува дефиницијата за „млад“