ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.04.2026
Дали занаетчиството изумира кај младите?

Занаетчиството во Македонија полека паѓа во заборав, ретки се младите луѓе кои ја одржуваат традицијата и одлучуваат да се посветат на занаетот.

Владимир Јанев е млад човек од Кочани кој како професија одбрал занает кој многу од младите не го практикуваат. Веќе неколку години тој работи во градежништвото и керамиката со фокус на изработка и поставување на плочки во деловни и станбени објекти.

Владимир Јанев

Овие професии во денешно време се сѐ поретки, а уште поретко е и некој млад да се насочи кон оваа кариера. Занаетот и неговото искуство, Владимир ги стекнал од неговиот дедо и татко кои цел живот се занимавале со оваа професија. Иако досега има сменето повеќе работни позиции, сепак како млад човек одлучува своето надоградување да го посвети кон керамиката.

Додека му помагал на својот татко, Владимир воочил дека многу луѓе имаат потреба од овие услуги, но тешко ги наоѓаат поради дефицитот на професионалци во оваа област, а особено и стигмата кај младите кои оваа професија ја сметаат за неатрактивна. Па така, иако без искуство во бизнисот и менаџментот, Владимир одлучува да преземе ризик и својот занает да го претвори во свој бренд насловен „Арт Керамика“.

Занаетите неоправдано се запоставени во Македонија

„Многу е важно да се продолжат овие занаети од причина што сѐ помалку се наоѓа чевлар, градежник, керамичар, мајстор за поправка на бела техника и слично. Затоа и треба да се најдат начини како младите би се потикнале да научат и да работат некој занает. Реално денешните генерации сѐ помалку ги практикуваат занаетите, од причина што сметаат дека не се во тренд или дека нема да успеат, па токму поради тоа, за жал, многу од занаетите денес изумираат и се дефицитарни.“ , вели Владимир.

Младите попрво би работеле како келнери отколку да научат занает

Владимир за занаетот смета дека не треба да се гледа само како физичка работа, туку повеќе како простор кој може да нуди и уметност и креативност. Иако во поголем дел керамиката е физичка работа, сепак си бара свои пресметки, посветеност и труд. За него предизвик претставува секој проект бидејќи се труди да остави траг и да биде препознаен по својата техника.

„Од мое лично искуство препорачувам и ги советувам сите кои имаат потенцијал да научат занает тоа да го направат без двоумење, бидејќи тоа во денешно време е моногу вредна, барана, а и добро платена професија.“, вели Владимир.

Три типа матура ќе полагаат средношколците годинава
Бројот на ученици и понатаму се намалува