ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.12.2023
Данче Тошева, млада поетеса од Штип, смета дека со дигитализацијата треба да се чита уште повеќе, а не помалку

Данче Тошева е дебитант на македонската книжевна сцена. Таа вчера во Универзитетската библиотека “Гоце Делчев” во Штип одржа промоција на нејзината поетска збирка ,,Небесна трага”.

Во краткиот разговор, Данче ни откри дека според нејзе животот е едно чудно битие кое овозможува да живееш и кога веќе не си жив-помеѓу луѓето.

Данче Тошева

Целиот разговор прочитајте го во продолжение:

1. Што Ве натера да се впуштите во водите на книжевноста?
-Ме натера силната љубов која ја чувствувам кон брат ми по неговата смрт.

2. На кого е посветена Вашата книга?
-“Небесна трага” е збирка од песни посветена на мојот брат Јане Јанев, кој според Божјата волја се роди како најмалото, најмилото, најгаленото дете во нашето семејство, но, според волјата Божја и прерано замина од овој свет. Животот е едно чудно битие кое овозможува да живееш и кога веќе не си жив-помеѓу луѓето.

3. Во време на дигитална ера, социјални мрежи и незаинтересираност за книгите, какво место зазема поезијата?
-За жал живееме во време кога дигитализацијата зема се’ поголем замав во нашите животи и се обидува да ги замени книгите, напротив, треба да читаме повеќе книги кои нудат доста бенефити. Но, сметам дека книгите се незаменливи и не треба да дозволиме дигитализацијата да влијае врз нив. Но, сепак, поезијата зазема посебно место за луѓето кои се љубители на пишаниот збор и на искреноста.

4. Вие сте дипломиран студент на Филолошкиот факултет при УГД. Ви недостасуваат ли студентските денови и што би им порачале на младите и идни студенти?
-Студирањето е еден од поубавите периоди од мојот живот, бидејќи имав чест да учам од врвни професионалци, кои ми помогнаа да ја негувам љубовта кон мајчиниот јазик и кон пишаниот збор. Таму се стекнав со големо знаење кое сега успевам да го пренесам на моите ученици. На сите студенти на Филолошки факултет и на идните студенти кои се двоумат дали да се запишат на овој факултет, ги охрабрувам и им пружам поддршка, бидејќи нема да згрешат. А, на оние кои не се студенти на Филолошки, ги замолувам да го негуваат јазикот и пишаниот збор.

500 дечиња ќе трчаат на првата детска трка во Штип
Млади волонтери организираат хуманитарни концерти, работат со социјално загрозени и лица со интелектуална попреченост, а придонесуваат и за почиста околина во Штип