ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.08.2022
Денеска е национален ден на пријателството
Автор: Goce Author

Пријателите се речиси секогаш тука за нас, па денеска прославете го заедно Националниот ден на пријателството. Ја знаете ли историјата за тоа како настанал овој ден?

Нашите социолошки потреби не’ мотивираат секогаш да го подобруваме нашето однесување, нè охрабруваат да воспоставиме меѓучовечки односи и да се поврземе со другите. Со таква огромна потреба за човечка поврзаност со други луѓе, не е ни чудно што постои ваков Национален ден  кој ни ја покажува важноста на пријателството.

Националниот ден на пријателството првично беше маркетинг стратегија за Hallmark Cards во 1930-тите. Основачот Џојс Хол одредил дека денот на пријателството ќе биде 2 август и во таа чест ќе им испрати честитка или две на блиските пријатели. Потоа Конгресот на САД во 1935 година ја прогласил првата недела од август како Национален ден на пријателството.

(Видео) Новите генерации можат да стават крај на омразата на Балканот?

Во 1998 година Обединетите нации го именуваа Вини Пу за светски амбасадор на пријателството. Во 2011 година, за време на нивната 65-та сесија, ОН го прогласија 30 јули за Меѓународен ден на пријателството.

Денес го славиме Националниот ден на пријателството во првата недела од август. Благодарение на напредокот во технологијата, полесно е да стапите во контакт со пријателите. Заблагодарете им се што се тука за вас и потсетете ги дека:

Светот е подобро место за живеење кога ги имате до вас вистинските пријатели.

 

Матурата е за славење – МВР со апел да прославите без автомобил, алкохол и дрога
Новото знаме на Република Северна