
Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок од полагањето на Државната матура 2026 година.
Резултатите освен на интернет страницата http://www.matura.gov.mk, се објавени и на огласните табли во училиштата.

Сите ученици кои сметаат дека е направен превид при вреднувањето на тестот имаат право да поднесат приговор до Училишната матурска комисија. Согласно упатството на Државниот испитен центар, приговорот, уплатницата и изјавата, кандидатот треба да ги достави лично, најдоцна до денеска (четврток, 20.08.2026 година) до 16 часот до Училишната матурска комисија. Сите приговори пристигнати по наведениот рок или доставени на друг начин нема да бидат разгледувани.
За кандидатите кои не приговарале прелиминарните резултати се конечни резултати.
Резултатите се достапни на следниве линкови:
за државна матура rezultatidrzavnamatura.dic.edu.mk
за државна стручна матура rezultatidrzavnastrucnamatura.dic.edu.mk
за државна уметничка матура rezultatidrzavnaumetnickamatura.dic.edu.mk
Резултатите од разгледаните приговори ќе бидат истакнати на 26.08.2026 година, а увид во тестот, по поднесениот приговор може да се закаже на 27.08.2026 година од 09 до 14 часот.