ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.08.2026
Матурантите со идентичен успех како лани
Автор: Goce Author

Матурантите на полагањето на двата екстерни испити во јуни постигнале просечна оценка 3,66, што е речиси идентичен успех како лани , кога беше 3,69.

Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите кои се конечни и по поднесени и разгледани приговори.

Новина оваа година беше што матурантите полагаа три типа матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.

Просечната оценка за државна матура е 3,62, за стручна 3,91 и за уметничка 3,59. Министерката Јаневска изјави дека е задоволна од просекот кој е речиси задржан од лани, кога беше 3,69, за разлика, рече, од 2024 кога беше 3,26.

60 матуранти фатени како препишуваат на државната матура – тестовите им се поништени

Повеќе од 14 500 ученици кои завршија средно образование во учебната 2025/2026 година беа пријавени за полагање на екстерните испити (задолжителниот мајчин јазик и уште еден предмет од понудените за избор) од матурата во јунската испитна сесија. Тестовите ги полагаа на 6 и на 11 односно 12 јуни.

За споредба, минатата година беа пријавени вкупно 15.004 матуранти, значи има намалување од околу 500 ученици.

Матурантите со најголем интерес за англиски јазик

Од вкупно пријавени 14 587 ученици за полагање на матурата,  12 184 беа пријавени да полагаат државна матура, 2276 ученици за државна стручна матура и 127 пријавени за државна уметничка матура. На полагањето не дошле 348 пријавени или 2,39 отсто.

Гимназијалците полагаа само државна матура, која, исто така, според новата концепција, можеа да ја полагаат и учениците од  стручните и од уметничките училишта, кои избираа помеѓу државна матура и стручна односно уметничка матура,

За државна матура се полагаше тест по странски јазик (англиски, француски, германски, руски или италијански) или математика. Матурантите што полагаа државна стручна матура имаа тест по англиски или по математика, а за државна уметничка матура изборот беше помеѓу англиски јазик и историја.

Како матурантите избираат факултет? Помеѓу желбите, платата и огромниот избор

Како и во минатите години, за екстерниот испит најмногу полагаа англиски јазик (13 208). Другите четири странски јазици беа опција само за учениците кои полагаат државна матура.

За секој испит (предмет) од типовите матура беа изработени посебни испитни програми врз основа на кои беа изготвени испитните прашања, а се темелеа на наставните програми по кои учениците следеле настава во текот на нивното четиригодишно образование.

Отворен повик за #ИмамИдеја4: Младите претприемачи имаат шанса својата идеја да ја претворат во стартап
Декларацијата на АСНОМ пред 82 години зборувала за еднаквост, слобода на говор и права на малцинствата