
Сте слушнале ли за водопадот на Голема река близу браната Гратче, кај Кочани? Ако не сте, време е да го откриете и посетите овој водопад.

Од браната Гратче, која што е одалечена околу 6км од Кочани, се оди уште помалку од км по асфалтираниот пат. Ако продолжите по истиот, ќе стигнете и до Пониква. Уште 150 метри спуштање по козја патека и пред вас е прекрасна глетка на водопад висок 20 – тина метри.

Настанувањето на овој водопад е навистина интересен, па затоа и ќе го прочитате. Во 1958 год била изградена помошната брана од камени блокови, која што требала да спречи доколку наеднаш надојде многу вода кон местото „Рамна скала“. Од надојдените гранки, камења и земја, помошната брана почнала да се полни со почва, па така со текот на годините се создал овој прекрасен водопад.
Уште една од ретките убавини на Македонија, која вреди да биде посетена.