ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.06.2026
Електричните тротинети не се играчка
Автор: Goce Author

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до корисниците на електрични тротинети да ги почитуваат сообраќајните правила и да користат заштитна опрема, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

„Е-тротинетот не е играчка, почитувај ги правилата!“ е мотото под кое се рализира едукативната кампања со цел подигање на јавната свест откако минатата недела малолетник го загуби животот возејќи електричен тротинет во кумановско.

Тоа и не е единствен случај. Се почести се реакциите дека корисниците на електрични тротинети често се доведуваат себе и учесниците во сообраќајот во опасност. Електричните тротинети се на некој начин вон од регулацијата, или барем така ги третираат поголем дел од корисниците.

Ова се препораките од надлежните до родителите и возачите на електичните тротинети

Секогаш користете заштитна опрема.

Возете одговорно и со прилагодена брзина.

Почитувајте ги сообраќајните прописи.

Не превезувајте друго лице на тротинетот.

Внимавајте на пешаците кога се движите по пешачки патеки.

Не возете по коловоз ако тоа не е дозволено.

Лицата под 14 години не смеат да управуваат со електричен тротинет.

Максималната дозволена брзина е означена како 25 km/h.

Електричните тротинети ќе бидат опфатени и со зајакнатите контроли од МВР кои се во тек.

Како законски е регулирано управувањето со електрични тротинети?

      МВР во периодот од 02 до 07 јуни 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведување на зајакнати акциски сообраќајни контроли.
     Акциските активности се за откривање и санкционирање на возачи кои управуваат возила со две тркала -мопеди, мотоцикли и е-тротинети.
       Тие се едни од најзагрозените учесници во сообраќајот во делот на користење на соодветна заштитна опрема, техничка исправност, право на управување и одговорно возење со почитување на сообраќајните правила и прописи, а со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди.
Почнува полагањето државна матура
Дали модернизацијата на студентските домови ќе го „олесни“ џебот на студентите?