ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.05.2022
Како законски е регулирано управувањето со електрични тротинети?
Автор: Goce Author

Автор на текстот: Мирко Наџаков (правник)

Правната регулација на електрични тротинети е често прашање кое го поставуваат учесниците во сообраќајот. Во овој прв текст од серијалот на правни совети на Гоце.мк зборуваме токму за тоа.

Управувањето со електричните тротинети не беше правно регулирано во Македонија со стариот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата. Со измената и дополнувањето беа вметнати и одредби за сообраќај на електрични тротинети. Еве неколку значајни сегменти од тој закон.

Photo by Christina Spinnen on Unsplash

Возачот е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека односно друга површина наменета за пешаци.

Пет начини како да ги намалите своите месечни трошоци

Ако двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, истите се должни да се движат еден позади друг.

Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по десната велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот.

На велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, уредени и обележани за сообраќај на електрични тротинети во двете насоки, истите се движат по десната страна во правецот на движењето на возилата.

Тротитнетот, може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено движење со такви возила.

Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 km/h.

Возачот не смее да се движи по тротоар, пешачка патека односно друга површина наменета за пешаци, со брзина поголема од 6 km/h.

Исто така важно е дека овие електрични возила може да ги управува лице навршило 14 години  возраст. Забрането е да превезувате други лица додека возите вакво возило.

Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото. Возачот од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, должен е да носи рефлектирачки елек за време на управувањето.

Бензинските пумпи во Германија нудат електрични автомобили

Возач на електричен тротинет, за времето додека управува со возилото не смее да води животни.

Клучното прашање е: “Дали ми е потребна возачка дозвола за управување на електричен тротинет?”.

Ниту Законот за безбедност на сообраќајот, ниту некој  друг акт не предвидува потребен документ за управување со електричен тротинет.

Инаку за прекршување на овие правила предвидени се казни. Значи полиција може да ве запре и да ви изрече казна од 20 до 120 евра, зависно од прекршокот.

Доколку имате одредени правни дилеми поврзани со оваа материја слободно поставете ги на нашиот фејсбук или инстаграм профил, а воедно таму предлагајте други теми од областа на правото кои сакате да ги разрешиме.

Почнува полагањето државна матура
Електричните тротинети не се играчка