ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.06.2022
Електронското пријавување за упис во средно завршува денес
Автор: Goce Author

Електронското пријавување за упис во средно училиште, кое за првпат се организира годинава, завршува денес.

Преку https://e-uslugi.mon.gov.mk, досега за упис во средно образование до 14 јуни се пријавиле 6.500 ученици, министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Во државата има повеќе од 20.000 деветтоодделенци кои мораат да се запишат во средно бидејќи средното образование е задолжително. За прв пат, оваа година уписите се организираат на овој начин со електронска пријава и прикачување документи оналјн. И покрај тоа, кандидатите ќе мораат истите документи и физички да гои однесат во училиштата во кои конкурирале. Тоа ќе можат да го сторат на 16 и 17 јуни.

„Процесот добро тече, учениците пополнуваат пријава и прикачуваат свидетелства и други документи кои се потребни за упис. Бидејќи овозможивме пристап до системот за пријавување уште на 10 јуни, досега се пријавиле околу 6.500 ученици“, кажа Шаќири.

Во текот на електронското пријавување за упис во средно училиште, се појавија проблеми со веб-страницата на Министерството за образование и наука mon.gov.mk која на моменти беше недостапна. Како што посочи министерот, причина за тоа е тоа што се поставуваат апликации за безбедност, поради што сајтот беше привремено нефункционален, но тоа не влијае на процесот.

Инаку, токму моментот на обврската документите и физички да се достават до комисиите во училиштата, предизвикува реакции од типт дека ова не е олеснување. Овие реакции се поради тоа што на некој начин сега кандидатите имаат двојна обврска – и да аплицираат електронски, и пак физички да одат во училиштето.

Електронското пријавување позитивна новина, но потребни се подобрувања

Според некои реакции, ова им олеснува на вработените во училиштата, кои не кора да ги внесуваат податоците, туку само ги проверуваат. Решение, за кое во МОН се размислува, секако е автоматизирање на процесот и да не мора да се носат документите на увид. Сепак, тоа е решение за кое е потребно и време и средства

МОН го активира електронското аплицирање за средните училишта

Во некои држави ваквиот начин функционира, но олеснување е што таму е дозволено еден ученик истовремено да конкурира во повеќе училишта. Кај нас тоа не е дозволено, па затоа проверката на докумените е неопходна.

Инаку, надлежните размислуваат за во иднина да овозможат да се издаваат свидетелства во електронска форма, која би била веродостојна електронска верзија на документот, како што е на пример, потврдата за ковид.

Електронското пријавување за упис во средно училиште завршува денеска во 15 часот.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?