
Елеонора Скендерска од Македонија освои прво место на интернационалното првенство во масажа кое се одржа на 14 септември во Скадар, Албанија. На првенството учествуваа над стотина учесници од различни региони од светот. За Елеонора, ова не е прв пат да се здобие со победнички пласман. Во 2024 освои прво место на меѓународното првенство во Србија, а во 2023 е во топ 5 на светскиот куп во Романија.
Со оваа професија таа се занимава уште од својата 14 годишна возраст и за неа вели дека е единствената работа која со сигурност би ја работела цел живот. Љубовта кон професијата придонесе кон развојот на Елеонора како млада бизнис жена која секојдневно помага на многу пациенти.

Елеонора натреварот го опишува како предизвикувачко искуство водејќи се по строги правила и принципи со доста сложен концепт. Најголем двигател за неа се љубовта кон професијата, но и кон земјата која потекнува.
„Една од потешките работи со кои се соочив беше предизвикот што го носам со себе , а тоа е земјата од каде потекнувам! Сепак, со оглед на тоа дека доаѓам од Македонија , се натпреварувам во Албанија , во конкуренција имам претставници од многу држави во светот со големо искуство и веќе изградено име во оваа работа, ми судат судии од Грција, Израел, Албанија и други земји, најголем предизвик за мене беше да ја претставам нашата земја во најдобро светло, па макар тоа да не биде наградено, да биде препознаено!“, вели Елеонора.
Прим. Д-р. Мери Шорова: Прва помош при состојба на пожари и изгореници
За едногласната одлука на жирито за првото место, Елеонора смета дека придонела и нејзината индивидуална техника за масажа која ја стекнала едуцирајки се кај познати терапевти од светот, но и додавајќи иновативни елементи кои резултирале со сопствена техника која е препознатлива и претставува белег за неа. Таа масажата ја опишува како уметност, која трпи вложување на многу труд и енергија, знаење и прецизност.

„Она што се бара е перформанс, ускладено движење во однос на музиката , техники кои се надоврзуваат една за друга, дрижење на телото и правилно пренесување на притисок врз моделот, концентрација и специфичност! Токму затоа, она што триумфира не е добра масажа што се изведува по школски принципи, туку изградена сопствена техника на работа која ќе успееш да ја презентираш пред судиите.
Работам техника која е моја авторска и специфична, а вклучува елементи кои потекнуваат од различни земји каде масажата е древна техника и каде е всадена во традицијата и културата. Препознатлива сум по иновативноста и начинот на кој изведувам техника која е импресивна не само за моделот туку и за набљудувачите! Па би рекла дека тоа што ме издвои е мојата техника на работа која се разликуваше од сите други!“, вели Елеонора.
Признанието „Инженерски прстен“ е симбол за труд и желбата за наука на студентите-добитнички
На младите и идни колеги таа им препорачува:
„Спознајте ги своите можности, талент и предиспозиции! Ова не е воопшто лесна и наивна работа! Ова е физичка работа која бара голема жртва и многу љубов! Доколку одлучите да се бавите со масажа, правете го тоа со целото свое срце! Ова што би било мој клучен совет за младите е да не се плашат да вложат во себе и да учат! Знаењето е она што никој не може да ви го одземе! Во животот ќе ви одземат пласман, пари, ќе го одземат местото и позицијата која ја заслужувате, но она што не можат да го одземат е вашето знаење. А тоа е она што клиентите секогаш го препознаваат и ценат!“