ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.07.2022
Елон Маск продаде 75% од биткоините на Тесла
Автор: Goce Author

Информациите за Тесла на Елон Маск од вториот квартал од 2022 година, покажуваат дека компанијата продала 75% од сопствените биткоини, додавајќи 936 милиони долари во готовина на својата сметка.

Photo by Executium on Unsplash

Тесла држеше околу 42.000 Биткоини на почетокот на вториот квартал и го продаде најголемиот дел од оваа крипто валута по просечна цена од околу 29.000 долари.

На 8 февруари 2021 година, Тесла објави дека купила 1,5 милијарди долари во Биткоин и дека почнала да прифаќа БТК како валута. Подоцна во првиот квартал, 2021 година, компанијата продаде 272 милиони долари од својот Биткоин, при што Илон Маск рече дека причината е да се докаже ликвидноста и одржливоста на средството како алтернатива за готовина на нејзиниот биланс.

Најбогатите 500 луѓе изгубиле 206 милијарди $ за еден ден

Тесла подоцна престана да прифаќа плаќања со Биткоин поради грижите за користењето на електричната енергија во производството на крипто валутите. Маск изјави дека „Кога ќе има потврда за 50% користење на чиста енергија од страна на мајнерите, Тесла ќе продолжи да дозволува трансакции со Биткоин“.

 

 

 

Аларм: Вештачката интелигенција може да излезе од контрола
Британија воведува „полициски час“ за TikTok и Instagram? Реакциите во јавноста поделени