ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.04.2024
Еве како да одговорите на најчестите прашања кои ги поставуваат на интервју за работа
Автор: Goce Author

Интервју за работа, особено ако вие меѓу првите, веројатно ви предизвикува многу нервоза и стрес, а особено прашањата кои ги поставуваат таму.

Ќе ви ги претставиме главните прашања, кои статистички најчесто ги добиваат апликантите при интервју за работа. Најважниот совет кој можете да го добиете е – никогаш не одете неподготвени за интервју за работа, а овој текст ќе ви помогне да бидете поспремни за прашањата кои доаѓаат од вашиот иден шеф.

Ова се најчестите прашања, и најдобрите одговори на тие прашања.

Кажи ми нешто за тебе?

Ова прашање често се користи како прво прашања и му овозможува на интервјуерот подобро да ве запознае. Држете се до едноставен одговор кој е концизен и јасен , а фокусирајте се да споменете релевантни (не било какви) вештини, но и искуства. Истакнете ги вашите достигнувања и објаснете како тие ве прават добар/а за позицијата.

Кои се вашите силни и слаби страни?

Кога ќе ги објаснувате вашите силни страни фокусирајте се тоа да бидат квалитети кои ќе и значат на компанијата каде што аплицирате, а не било какви. Размислете и за некои човечки особени, кои се важни за компанијата, а можеби не сте многу свесни дека ги поседувате. На пример јавно говорење е вештина која не многу луѓе можеби ја поседуваат, или лесна комуникација со нови луѓе, и така натаму.

За слабите страни, бидете искрени! Немојте да лажете, а немојте да спомнувате некоја доблест и да ја претставите како ваша наводно „слаба страна“. На пример многу луѓе велат дека нивна слаба страна е што „премногу се добри со другите луѓе“ или „премногу им веруваат на луѓето“. Да се биде добар или да се има доверба е доблест, не слабост. Кого залажувате? Сигурно е дека имате слаби страни, истакнете ги, така покажувате дека имате самосвест и дека сте подготвени да се промените и да учите. Слаба страна би било „не можам да станувам многу рано“ или „тешко воспоставувам комуникација со луѓе кои не ги познавам воопшто“, а не „јас сум многу добра личност“, тоа е лицемерие и потценување на соговорникот.

Зошто сакате да работите за оваа компанија?

Ова е своевидно трик прашање. Преку ова прашање работодавецот сака да го тестира вашето знаење за компанијата. Истражете ја мисијата, вредностите и културата на компанијата и прилагодете го вашиот одговор за да се усогласи со она што ве привлекува во организацијата. Истакнете специфични аспекти на компанијата кои ве возбудуваат и како можете да придонесете за нејзиниот успех.

Можете ли да ми ја објасните вашата биографија?

Искористете ја оваа можност за да дадете краток преглед на вашето работно искуство, истакнувајќи ги клучните достигнувања и релевантните вештини. Фокусирајте се на тоа како вашите минати улоги ве подготвиле за позицијата за која аплицирате и нагласете ја вашата способност да додадете вредност на компанијата.

Опишете ја предизвикувачката ситуација со која сте се соочиле на работа и како сте се справиле со неа.

Кога одговарате на прашања во однесувањето како ова, користете го STAR методот (Situation, Task, Action and Result) за да го структурирате вашиот одговор. Започнете со опишување на конкретната ситуација или предизвик со кој се соочивте, а потоа објаснете ги активностите што сте ги презеле за да го решите и позитивниот исход или научената лекција.

Каде се гледате себеси за пет години?

Најчестото прашање кое работавците го сакаат заради тоа што им дава одредена предвидливост и сигурност во вас. Бидете искрени, но и реални. Кажете ги вашите цели, но избегнете да му оставите сомнеж на работавецот дека не сте сигурни дали ќе останете во оваа компанија и после 5 години.

Зошто ја напуштивте претходната работа?

Не оговарајте го вашиот претходен работавач. Останте позитивни и фокусирајте се на тоа дека идната ваша работа ќе ви понуди подобри можности за раст и напредок. Избегнувајте да зборувате негативно за вашиот поранешен работодавец или соработници. Наместо тоа, обликувајте го вашиот одговор во смисла на барање нови предизвици и можности за професионален развој.

Дали имате прашања за нас?

Секогаш имајте подготвени неколку внимателни прашања да му ги поставите на оној што ве интервјуира.  Ова го покажува вашиот интерес за компанијата и позицијата и ви дава можност да соберете повеќе информации кои ќе ви помогнат да донесете информирана одлука доколку понудата е продолжена.

На крајот, важно е да бидете автентични. Не копирајте никого и ништо!

Како стресот од испитната сесија влијае врз менталното здравје на студентите?
(Видео) Жртва од Јавна Соба: И после три години се чувствувам злоупотребено и незаштитено
(Видео) И Велешкото езеро Младост на удар на бетонизацијата