ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.11.2026
Фемицидот расте без соодветен одговор од институциите
Автор: Goce Author

Фемицидот во Македонија, како и многу други различни форми на насилство, засега остануваат без соодветен одговор.

Фото: Хелсиншки комитет

Дури се добива впечаток дека секој нов случај како да ги поттикнува насилниците, и дека како по некое правило, следуваат ушде дбва, тир, четири нови.  Немоќта во решавањето на случаите на насилство и фемицид доаѓа најчесто од нефункционирањето на институциите, па секоја иницијатива е добродојдена. Сепак, доколку нема ефекти, и иницијативата ќе остане само на хартија.

По низата случаи на фемицид во последниот период, договорено е итно постапување меѓу надлежните институции во Македонија.

Секоја пријава за семејно насилство веднаш да биде доставена до Обвинителството, а полицијата, обвинителите и социјалните служби да постапуваат координирано, без непотребно одложување. Ова е предвидено со договореното итно постапување меѓу надлежните институции во Македонија.

Договорот е меѓу Обвинителството, Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика.

Според најавените мерки, институциите треба итно да обезбедуваат медицински вештачења за повредите, да вршат процена на ризикот и навремено да ги прибираат потребните докази.

Целта е побрзо донесување обвинителски одлуки, навремена заштита на жртвите и ефикасен кривичен прогон на сторителите.

Фемицидот не се решава без законски измени, одговорност и промени во образовните политики

Сепак, правните експерти предупредуваат дека договорот не смее да остане само формална мерка, туку мора да резултира со конкретна заштита на лицата изложени на насилство.

Според правниците, протокол за мултисекторска соработка постои уште од 2023 година, но  неговото унапредување може да придонесе за подобра координација и поддршка на жртвите.

За фемицид е потребен системски одговор

Потребна е дополнителна обука на службените лица, рано препознавање на различните форми на насилство и спречување на неговото оправдување или нормализирање во јавноста.

Во меѓувреме, дел од невладините организации побараа најмалку 200 милиони денари во буџетот за 2027 година, наменети за помош и заштита на жртвите на насилство.

Организациите бараат и законски измени, утврдување одговорност за институционалните пропусти и фемицидите, како и промени во образовните политики.

Клучното барање на експертите и граѓанските организации е институционалната реакција да биде навремена и ефикасна, со реална заштита на жртвите, наместо мерките да останат само на хартија.

Како да се подготвиш за работа што сè уште не постои? Главните пораки од „FutureX Summit 2026“
Осум уставни промени што ја обликуваа државата