ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.01.2022
Финални подготовки за Вевчански карневал 2022
Автор: Goce Author

Традиционалниот Вевчански карневал ќе се одржи и оваа година. Тридневниот настан ќе започне во четврток, а жителите и посетителите веќе ги приготвуваат костимите и маските.

Според Градоначалникот, богатата листа на музички настапи ќе треба да биде погодена за разновидна публика. Манифестацијата ќе започне со отворање на мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ и настап на културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани. Вечерта за забавниот дел задолжени се ди-џеј Фејс и Жаре Бербер, информира градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовски.


Омикрон го промени и најпознатиот карневал – Рио без својот сјај и годинава!


Василичарскиот дел почнува традиционално на 13 јануари, напладне, со дефиле под маски низ вевчанските улици. Традицијата вели дека Вевчани своите костими ги подготвуваат во текот на целата година, а се верува дека преку овој настан се бркаат злите духови и лошите работи.

Ќе настапуваат и македонските уметници меѓу кои Елена Јовчевска, Сања Ристеска, Дамјан Стојаноски и Перо Бели, а Старата Нова година ќе се дочека со спектакуларен огномет. Сместувачките капацитети, иако во мал број веќе се полни со гости, а се очекува голем број посетители и од околните места.

Вевчански карневал 2022 завршува со традиционално василичарско оро и палење на маските како дел од верувањето.

Вевчанскиот карневал се случува еднаш во годината и го слави доаѓањето на Нова година според стариот календар. Традиционално се одржува на 13 и 14 јануари според новиот календар. Карневалот е стар повеќе од 1.400 години и претставува спој на паганското и современото. Негови главни карактеристики се: архаичноста, таинственоста и современото. Во карневалот се испреплетени традиционалните обредни игри и современите маски, а се изведуваат во чест на верскиот празник Свети Василиј Велики – заштитник на вевчанските василичари, на вевчанци и на Вевчани.

Студенти и млади археолози од 4 држави истражуваа на локалитетот во близина на Св. Николе
(Видео) Зголемен интерес за студирање на УГД во Штип – зошто младите го прават овој избор?