

Photo by Alizée Baudez on Unsplash
Freelance e начин на работа каде вработениот не работи стриктно во одредена компанија, туку може да работи за повеќе од нив. Вработениот е ангажиран за одреден проект, услуга или задача од страна на клиентот (или работодавачот). Предноста е што може да се работи од каде било на глобално ниво, а тоа главно вклучува и работа од дома. Може да се избере која било област за работење ,од услуги како пишување, уредување, консултантски услуги, маркетинг, дизајнирање, ИКТ, виртуелна администрација, управување со социјалните медиуми итн. Областа зависи од вештините кои ги поседувате и нивото на познавање на странски јазик.
Прочитајте и: Преку блог до успех!
Најчесто апликации преку кои може да се најде ваква работа се: Fiverr, 99designs, Upwork, Remote ok, Speedlancer, GetNINJAS. За работите да станат појасни, зборувавме со студентка која работи од дома токму на ваков принцип. Нејзиниот идентитет за читателите ќе остане анонимен, но е познат за редакцијата на goce.mk.
“Мојата прва работа ја пронајдов преку пријател што веќе работеше за таа компанија. Потоа, имајќи го тоа искуство во моето портофолио полесно ја пронајдов работата која сега ја работам. Сето ова се оствари преку апликацијата “Upwork” каде имам и свој профил. Сега работам веќе две ипол години и мојата работа опфаќа пишување на меилови, водење документација преку Google Documents, решавање на проблемите на клиентите брзо и трпеливо, враќање и разменување на производите кои ги нуди компанијата, комуникација со клиенти за испораката на нарачката. Или на кратко кажано мојата работа опфаќа“customer service” за британската фирма “Face Theory””,вели таа.

Photo by Daria Nepriakhina on Unsplash
Како студентка, се прашуваме како може да постигне со работните и факултетските обврски и зошто се одлучила токму за freelance?
“Се одлучив за freelance затоа што е многу подобро платена работа и не одзема многу време. Работам по 30 часа неделно и во слободните денови целосно се посветувам на факултетот, а работата е многу флексибилна така што не ми смета во факултетските обврски.”, вели таа.
Прочитајте и: Најбараните професии во иднината ќе бидат во сферата на технологијата
Позитивна страна е и што за оваа работа не е задолжително да се има факултетска диплома, туку се бара средно ниво на познавање на јазикот(најчесто англиски или германски) и докажување пред работодавачите дека поседуваш вештини на трудољубивост и работна навика. Секако и од ваквиот тип на работа има придобивки и стекнато искуство.
“Бенефитите се што работиш од дома, имаш свој профил и портфолио, имаш гаранција за исплата, можеш да работиш за светски компании, имаш слободна во менаџирање на своето време. Најважното искуство што ќе го стекнеш се дигитални вештини, подобрување на англискиот јазик, комуникациски вештини и секако желба да се надоградиш- да завршиш некој нов курс, академија и слично.”, вели нашата соговорничка.
Прочитајте и: Најголем дел од младите не волонтирале затоа што никој не ги повикал
Па, доколку имате слободно време и желба да бидете продуктивни и да заработите нешто, може да ги разгледате понудите на апликациите за кои ви оставивме линк погоре и да пронајдете работа која е соодветна на вашите вештини и познавања.