ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.11.2022
ФРЛЗ организира дебата за предизвиците од Законот за управување сo дополнителни текови нa отпад
Автор: Goce Author

Фондацијата за развој на локалната заедница организира Регионална дебата за предизвиците од Законот за управување сo дополнителни текови нa отпад која ќе се одржи на 17-ти ноември (четврток) 2022 год. од 18.00 часот во просториите на Младински центар – МладиХаб (Центар за култура „Ацо Шопов“) во Штип. Настанот има за цел да ја подигне свеста за последиците од текстилниот отпад што ги остава врз животната средина и како истите може да ги минимизираме.

Агендата за настанот е следнава:

17.45 – 18.00 Пристигнување и регистрација на учесниците

18.00 – 18.10 Воведно обраќање

Модератор: Г-ѓа Невенка Лонгурова Гирова

18.10 – 18.20 Г-ѓа Адријана Лавчиска, постара програмска координаторка во ФООМ – поддршка на иновативни решенија за климатски промени во рамки на програмата Зелен скок – Партнерства за климатска акција на ФООМ

18.20 – 18.30 Г-дин Борис Шарковски, програмски директор во ФРЛЗ – елаборирање на законското решение за управување со дополнителни текови на отпад

18.30 – 18.40 Г-дин Благој Игновски, државен инспектор за заштита на животната средина, подготвеноста и обврските на државниот инспекторат за имплементација на ЗУДТО, колкаво влијание ќе има законот врз заштита на животната средина


Текстилниот отпад како модна приказна на Fashion weekend Skopje


18.40 – 18.50 Г-дин Борче Везенков, инспектор за животна средина во Општина Штип, подготвеноста и предизвиците во имплементацијата на ЗУДТО на локално ниво

18.50 – 19.00 Г-дин Кирил Нашков, претставник на текстилна компанија „Ларс“ – начин на складирање, депонирање, раздолжување и влијание на правната регулатива во врска со отпадот

19.00 – 19.20 Прашања, одговори и коментари

19.20 – 19.35 Моден перформанс

19.35 – 20.00 Изложба на уникатни производи од отпад

20.00 – 20.30 Коктел

Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата
Награда за најдобар научник на Универзитет “Гоце Делчев” за 2023